видливост (ж.)
Особено е ефикасен за борба во населени места, шуми, планини, и во услови на слаба видливост (ноќ, магла, снег, дожд).
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Под видливоста на небото нив не ги засегало што било пред тоа и што ќе се случи потоа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во таа смисла, еден евидентно анахрон концепт за тродимензионален простор кој е тнр. „база“ на медиумот „архитектура“ веќе не може да опстане во своите три димензии туку ги користи придобивките (кадрирање, суспенз, нарација...) на тнр. дводимензионален простор на филмот, на пример (кој, парадоксално, „со една димензија помалку“ - иако и таа се освојува со Виртуелната Реалност - се здоби со повеќе „реалистичко ткиво“, со повеќе „видливост“, да речеме, од множеството тродимензионалност што нѐ опкружува!), или, уште порадикално, архитектурата ќе мора да се соочи и со тнр. мултидимензионален концепт за простор на Хокинг (кора од портокал, како пример!), кој станува парадигма за „просторна ориентација“ на крајот на веков. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 11
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
А Филозофот, небаре ги чита мислите мои како книга отворена, ме погледна и продолжи: „Не се само најдебелите конци важни; по нив одат само слепите и горделивите; преѓата ја сочинуваат токму ситните нишки, најтенките и најфините, оти само ситната преѓа е преѓа, а крупната клопче ортоми; тенките нишки, они на границата од видливоста се азното на словата, оти само тие сведочат за невидливото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Навика да се биде во полумрак! Дволичност - малограѓанска мера за видливост! Во прашање ли е аголот на толкувањето?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Малите мотели, салуни и бензински пумпи како ретки островца се издигаат над тој правлив океан, во којшто видливоста досегнува подалеку од човечкото око, а природата те опоменува дека во животот можеш да бидеш само емигрант, никако турист.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Како песна од Тоше испеана, атентат извршен, предавство блудно, видливост предвреме скратена.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)