видик (м.)
Штом ќе се набереше и стежнеше во душата - густи превези му ги затвораа видиците.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се лулаше земјата, се поткренуваа уплашени гримаси, изригнуваше пламен што темнината стрвно го голташе. Хаос се ширеше и го стеснуваше видикот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Завлеговме во еден тунел од снег, долг со километри. Видикот го изгубивме.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ни фаќаат и присој и осој и видик.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тогаш еден патник застана пред мене и ми го затвори видикот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И сѐ ќе поцрнат околу логорот, целиот видик ќе го затворат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Што сакам јас? Можеби ништо, можеби самјакот и нема желби или, доколку ги има, тие се поинакви од желбите што ја движат глутницата на неговиот видик.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Патот до границата е стрмен: наместа оди низ тунели од густо борово зеленило, потоа низ чисти ледини презаситени со опојни мириси од секакви билки и цвеќиња, потоа патот слегува надолу во планинските усеци низ кои шумолат планински потоци, и пак се крева нагоре по голиот планински стр од каде што се открива прекрасен видик на сиот простор наоколу.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
И, иако опсегот на овие можности за доживување кај секој поединец е различен и ограничен, сепак психоделичното доживување им отвора нови психолошки видици и огромни можности за креативни рекомбинации и дескрипции во уметничка форма.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Второстепено влијание, барем за мене, имаше “The Wandering Scholars” од Hellen Waddell, препечатена во раните педесетти и значајна за младите поети од Средната генерација, кои во голем број ги напуштија манастирите и ги крстареа Европските патишта славејќи ги низ песна пошироките животни видици што ги откриваа надвор од своите академски ѕидини.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Собата во нејзината трошна куќарка залепена до зградата, немаше никаков поглед и видик, бидејќи пред прозорците се издигаше ѕидот на новата зграда.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Историјата и знаењето, istoria и episteme секогаш биле определувани (не само од страна на етимологијата или философијата) како свиоци на видикот на повторното присвојување на присутноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На овие видици на вреднувањето на неговата трпеливост законот им додава одредби, што претходните не ги отстрануваат, туку ги надополнуваат во разграничувањето на дозволеното и недозволеното.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ги одбегнував нивните погледи за да не го видат сожалувањето во моите очи, моето сожалување кон нив затоа што јас тукушто бев со тебе, твојот мирис сѐ уште беше на моите дланки и толку голема иднина навидум беше на видик.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ти, единствена што го дослушуваш мојов шепот, ти што пред малку не избави од скаменувањето, не одземај ми го од раце суштеството што ја зароби мојата прва љубов, распарај ги смрачниниве и лилјаците и дигни ги видиците пред нашиов далечен пат!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Запревме во една лединка на патот со прекрасен видик кон удолнината.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Министерството на вистината - Минивис во новоговорот - јасно се разликуваше од сите други објекти на видикот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Отсекогаш ли беа тука овие видици од црвоточни куќи од деветнаесеттиот век, со ѕидови потпрени со искосени греди, со прозорци закрпени со картони и со покриви од 'рѓосана тенекија, со смешни дворни ѕидови накривени на сите страни ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Има многу прозорци и од сите страни видикот е прекрасен, како да сме закачиле постери со пејзажи, така личи.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Клучот има опсцен мизансцен.
Само тој може да ја гали складно
вулвата на вратата, топлиот премин меѓу
внатрешниот и надворешниот видик.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)