вибрира (несв.)
И телефонот вибрираше од треперењето што старецот го пренесуваше врз масата. Се наведна наднесувајќи се, зјапајќи во него.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тој едноставно не можеше да ги репродуцира звуците што беа снимени на плочата, затоа што тие звуци го тераа да вибрира силно сѐ додека не се скрши.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Само по неколку отсвирени ноти тој почна силно да вибрира, со едно гласно „бум” се распадна, и илјадници мали парчиња ја прекрија целата соба.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не можам да се запрам од тресење... Ми вибрира целото месо...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но Дејв го заплашуваа и го правеа несреќен стиховите кои на Ренди очигледно му беа толку блиски - нивниот дух, празен и темен како ноќ, кон кој Ренди вибрираше со толкава наклоност.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Музиката вибрираше низ моето тело како да сум еден од инструментите и почувствував како станувам цел оркестар на удиралки, почувствував како станувам зелена, сина, портокалова.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Преку звукот и зракот што вибрираат наоколу, се пренесуваат пораките во два правци: до и од него.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тој слушна како неговото треперење вибрираше спроти ребрестиот метален покрив што беше закован над гредите и спроти ѕидовите, со своите разголени клинови слични на ребра.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тој мирно си лежеше во креветот слушајќи си го срцето како му чука и како спиралата на пружината на креветот вибрира како одговор на неговото срце.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)