вжештен (прид.)
„Да свирам? Како?“ „Сеедно. Како машина, како вжештена локомотива во ноќ.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа што мене ми се случи се случува поретко отколку кога еден цел град митолошки ќе нестане под вжештена лава.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сега го гледаше овој друг лекар, а краевите на усните му се виткаа како врвови на вжештени игли.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Пушките, вжештени од огнот на оловото и од пекот на августовското сонце, гореа во рацете.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Заодот на сонцето остави вжештен црвен вресок на небото и оѕверен одблесок врз површината на езерската шир.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Со една рака веслаше тој, а со друга Царјанка; кога ќе се изгубеа далеку од брегот, ги оставаа веслата и се впиваа еден во друг; тивкото ветерче им павкаше по голите тела, им минуваше по вжештената кожа како да ги лиже; чунот поигруваше, се нишаше, шлапкаа ситните бранчиња по него како по голи бутини.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Да... - изусти нововлезениот. - Со запалени цигари, а потоа со вжештени железа ми го гореа телото.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Отпрвин само му потврдуваше со главата, потоа почна да се уфрла со по некое „да“, „така е“, „и јас го мислам истото“, а кога овој мина на проблемот на дружењето, вжештено се втурна во монологот: - Каде да најдеш искреност!
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Се тргал, сакал да му се врати на својот свет што го измислувал, сакал да гледа како по усвитени карпи се лизгаат грешни души, со крици на врани паѓаат во густо и вжештено море и ѕурат со усвитени клобуци кон своето блажевито минато.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Утре ќе го напишам твојот лик во вжештена смола, меѓу ороспии и крадловци, меѓу безделници и никаквеци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Проказник здробен во метежни визии го сонувал искинато и многу поинаку отколку што го доживеал дневниот настан во кој пукале еден на друг и се колеле меѓусебно луѓе што никогаш не се виделе, што не ги знаеле дребните радости и јадрите маки на своите случајни противници и кои судбината ги соочила среде крстопат на животот и смртта, ги поставила со своја умешна но и подмолна стратегија едни наспроти други, кукулинците, во игра на случајноста, со повеќе љубов за дружината отколку за осумте горјани што најпосле и не морале да се арамии или наемници на оној сур и таинствен Али-бег со повеќе прстења од злато и секакви скапоцени камења на рацете отколку што имал влакненца по рабовите на црвените, некако чудно вжештени очни капаци за кои најмалку еднаш годишно барал мелем против јачменчиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Очите ги тргаа од езерото кое блескаше како вжештен метал.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Стариот Тиријц, чија жед по жена и во стотата била подеднаква на онаа кај вжештениот младич, јаделе месо (секако вкусно зачинето) токму од таков змиски мажјак, отепан во момент на најжестока јарост.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Моето вжештено убедување воопшто не му пречи на насмеаниот доктор Мев со сласт да го проголта последниот залак од еклерот: Смири се, другар - ме запира, стасува да нарача „кафе, погорчливо“, па спуштајќи се во столицата, почнува: - Јас сум оп-тимист!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Меѓу вжештените извици, Ева балансираше како златокос палјачо со модри очи – од молчаливото насмеано кукле ќе се расприкажеше разгалената сестричка, а пак од оваа ќе проговореше некое стармало суштество во детско обличје.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Го запре вжештениот коњ и се стрча кон неа. Ја прегрна.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Рацете го допираа вжештеното јаже, светлото платно, нишките на шевовите, зажарени од летното сонце.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ја остави да падне и да ја запознае болката, вжештен во себеси и влажен под прстите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тивко како божество, што сонливо се наднело над пределите на Франција, таа нежна ленена опна, таа бујна вреќа со вжештен воздух лесно би можела да се откине и ослободи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Угнетената жена иронично ја заокружува неговата идеолошка аура во најдиректно вжештениот дуел, додека го опишува својот „гинеколог“ со одлики коишто на овој другиот, како шовинист, расист и антисемит, најмногу му пречат: - Тој е Евреин од Етиопија, мајка му е католичка, бил затвореник во Јужна Африка, црн е како пик-ас, а веројатно ја пие и сопствената урина! 40 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)