вештица (ж.)
Лав, муабет, си го кажа алот! Бабата Бисера беше стара вештица.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој ја нашол и ѝ свикал: „Крши ја главата! За вештици нема дрвја!“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
За жал, во таинствената кула не живееја зајаци, туку Мотренија, за која не знаев дали е вештица, алчна по богатство, или призрак што се храни со дијаманти.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ако се во прашање грблести вештици, еднооки џинови или зли волшебници со свински чурила, ќе ме снема пред да трепнеш. Ни ураган не ќе ме стаса.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Сигурно го има земено таа вештица, мајка му.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Проклетници е пожелен за службеници и оние што паѓаат на коленици за курви, педери и вештици за изроди и странски платеници
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)