вештачки прид.

вештачки (прид.)

Тоа име сега вештачки се поддржува во Македонија, како што и се насадува таму во најново време името Србин.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во оваа статија јас ќе се потрудам да одговорам на тие и на многу други слични прашања и со тоа, според мојата сила, да ги разјаснам научните основи на националниот сепаратизам, како и да покажам на неправилноста на тие приговори што се поставуваат од неговите противници, коишто со тоа сакаат да го компромитираат него како нешто вештачко.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вештачкото создавање српски интереси во Македонија беше јасно за сите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Додека пристапот на Чебренскиот Мост го штитеше тесниот пат и непристапните карпи, оној на Светецот беше незаштитен од природата, та требаше на вештачки начин да се бара и создава заштита, макар и по цената на човечки животи. И ја најдоа бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Зашто Сламеното Мече може да си го земе в постела, може да му зборува, може да му нацрта вештачки солзи и мустаќи, може и да го натепа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Берлин, се чини, нема ниту крај, ниту почеток, се протегнал од крајот на светот, или до оние ѕидишта кај „Бранденбуршката капија“, односно од „Рајхстагот“, каде што е поставена вештачката граница на градот, каде што се пресечени неговите животни артерии.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа го правел по наредба на Германците, бидејќи розовото масло многу им конкурирало на германските вештачки мириси на светскиот пазар.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оваа зелена база ќе ги црпи свите животни струи од блиските минерални води на селото Варвара и од вештачките топли струи на мазутното гориво.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А тој им велеше: Господар беше и некогаш кога се сметаше дека еден елемент не може по вештачки пат да се претвори во друг.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Започнуваше да се развиделува, но матно; селото имаше изглед на вештачки декор, на кулиси поставени за драматика, за морници.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од некои добиваше одговор, од некои не; некои му се восхитуваа и го тераа да продолжи, а некои не го сваќаа, не го разбираа и му велеа дека има само бујна фантазија, особено по прашањето да создаде жива материја по вештачки пат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој беше штотуку вратен од Москва, и, вистина, играше со вештачка нога.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вештачки дожд во СССР.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ме лажат дека ќе ми донесат вештачка нога од Русија...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите со чакнати вештачки заби и со црни очила за сонце.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Пред да стапи во партијата, брат ми требаше да замине на една сојузна младинска доброволна работна акција за изградбата на една разорена пруга во една од средишните републики во земјата, потем во изградбата на автопатот Братство-единство, којшто треба да ја поврзе земјата со Европа и Азија, па во изградбата на едно вештачко езеро во својата република, со сушење на мочуришта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од улиците и клупските простори, па до стадионите, врвовите на Billboard-овите топ листи и екслузивните модни ревии, на кои Ралпх Лаурен-овите манекенки ги покриваат своите аргументи со широки, карирани, фланелски кошули и со вештачки изветвениот jeans, grunge е незаобиколен термин и пожелна декларација.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И покрај сеопштата желба на човекот за „вештачките раеви“, без оглед дали се реализира во текот на животот или не, таа секогаш е присутна и би можело да се каже дека е повеќе правило отколку исклучок.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На некои други дури, невозможно е да се разменат идеи, машината поправа сама по себе. (220) Интелектуалците се осудени на изумирање со појавата на Вештачката Интелегенција како ѕвездите на немиот филм со појавата на звучниот филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Теорија на Шемите Погоре зборував за тоа дека когнитивната наука има три компоненти: вештачката интелигенција, теориите за мозокот и когнитивната психологија.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Повеќе