вечност (ж.)
Па однеси ме па однеси ме велам ти детство однеси ме ти песно старост вечна и незаборавна ти најголема илузијо без метафора прозору неспретно отворен грубо длабок за сите бои на вечноста Однеси ме низ овој дожд ти врвицо за да ме вратиш блага во овој пристан мал во ова нежно седло на сонот
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Не вложуваа ништо во играта и тој уште губеше додека одеше со нив низ дворот и низ тихиот ходник долг како вечност.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Траеше една таква долга модра вечност, во која погледот добиваше некоја белина само кога ќе требаше да одбере дали тоа стебло пред него беше токму онаа познатата, крајпатна бука, дали она, што се чинеше како деланка во нејзината коруба, не беше само некој поцрнет лишај.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А непрекинатите соништа за неговото влегување во селото, за средбата со првиот човек, и за неговото пристигнување дома, во кои тонеше сиот овој како вечноста издолжен ден, покриваа сѐ и остануваа единственото, што можеше да го знае.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ми се чини последните беа цела вечност!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Убавина на маката. Вечноста на творечката прелага. ... Зошто сево ова?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ох, тој миг да можеше да се продолжи во вечност!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Со својата света неприкосновеност ги регулирала меѓучовечките и социјалните односи, ги прочистувала срцата и душите, го крепнела менталното здравје на луѓето, нивната вера и надеж во бога, во сполуката во бојот, во вредностите и вечноста на човека.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И веќе немало значење колку ќе трае ерупцијата: ќе заврши ли за некој ден или ќе продолжи за вечност - сѐ во градот било мртво...“
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
...затоа овие текстови настанати колку што е можно повеќе во процесот на сопственото ослободување од дистанцата ги чувствувам како разоткривање на мојот пат кон новата проза па ја молам почитуваната редакција да ги прифати како мој предлог во поттикнувачката дискусија што започна да се води на страниците од вашето значајно литерарно гласило... искрено свој, зошто ги сакам кроки цртежите или како да се претрча тревогата од разделбите ...сочноста на зрелиот плод впиена во белината на хотелските соби сокот од нутрината излиен попатно танц фигури во постелината во воздухот допира против вечноста летот на недопуштената цигара кон езерото жарот и водата во неподносливоста куса и жешка средба...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Низ некогашната вечност, бесмртната божица постојано стравуваше од осамата.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Овој камен, ова живо минато залудно што ѝ појаснува нешто на вечноста.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Без да се предвидат сите стапици на многуте животни искушенија, многуте испреплеткани жили на очајот, недоразбирањата, изгубеноста и стравот на споулавеноста пред утрешниот ден, можеше да се верува дека животот е бескраен сончев простор во кој она што живее, дише расте е бесмртност и вечност.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сите со столетија кои влегувале и излегувале од пештерите на Адам; од мигот кои правеле вечност и од вечноста миг; од древности кои собирале ѕвезди во пустината и сушеле месечини по планините; сите кои се пресоздавале во камења што летаат на своите страдања - се раѓале со молитвеник в рака.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Неверувањето го лишува постоењето на човекот, му ја одзема вечноста што го чека...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Колку и да сум мислел на вечноста за времето на градењето, јас сепак сум бил ограничен само на своето време и затоа куќава одвај може и да го издржи дури и само моето време.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ни се пристори цела вечност додека стоевме пред затворената влезна врата.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
XXII Минаа три дни од исчезнувањето на Чанга. Цела вечност!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)