вечерта прил.
вечер ж.

вечерта (прил.)

Вечерта за касметот од Силјана дошол еден дуовник на анот, од Божи гроб, да проси милостина по вилаетот Прилепски и по други.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Вечерта, како што си вечерале дома, му текнало на Велка за штркот како одел по бразда и како го удрил дедо му со остенот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И вечерта ме пожалавте кога Велко ви кажуваше.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
ТЕОДОС: (Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина, со густи, накуштравани веѓи кои го оцртуваат намуртеното чело и го засенуваат, правејќи го уште постуден студениот поглед; со остар, отсечен говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на најблиските најмногу, со потценување дури и презирање преку волја, како и да не заслужуваат со нив да се разговара.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Вечерта го видов агентот како се движи по улицата и гледа со светкавите копчиња под виснатите веѓи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И пазарот се сврши. Стале Чешелков се нареди вечерта со постојаните момци на манастирскиот чифлиг.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еднаш ручаа кај еден, вечераа кај друг, а често замркнуваа по реката и ливадите да ја преспијат вечерта во некоја оставена слама на некои гумна или во капиците сено, за да се разбудат утре и ја продолжат својата вообичаена „работа“ — играта по врбите или вириштата, капењето и риби ловење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та со што ќе ја зачешла невестата свекрва си вечерта по венчање и на што ќе „т'кне прва вошка“ од неа, ако свекорот не ѝ купи нов чешел?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
VIII Сѐ до вечерта Бошко го мачеше забелешката на Најда, но тој премногу се надеваше во одењето кај Дика во селото преку Пелистер, за да може да најде сила да го открие значењето на зборовите што му беа речени.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Вечерта Бошко го чекаше Лумана да дојде да си ги земе парите, но тој не дојде.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Така вечерта и Пеце си дојде дома и после со денови имаше што да се раскажува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Вечерта се врати не вртејќи го лицето кон ќерка си, побара вода; пред да ја крене стомната, полека и без возбуда, како да соопштува нешто што таа го знае, рече: - Нека е со среќа. Андон те бара за снаа. ***
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе одат на гроб, гледаат - виното испиено, мисирката изедена, а вечерта иста песна...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Вечерта Марија го прекори: „Доста е. Треба да мислиш на својата иднина.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Точно предвиде момченцето. Бидејќи не беа за колење, вечерта никој не дојде да ги вознемирува.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Митко и Сашо се сами дома. Мајка им е излезена и нема да се врати до вечерта.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ќе беше збунета. А кога вечерта и трепкавите светулки ќе ни појдеа пресрет, ќе ја прашав - те милувале ли досега помускулести раце.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еден пилот, со кого спа вечерта, го заложи и златниот часовник.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Вечерта Патрокле се отпушта за спиење и слуша преку ѕидот, во соседниот кауш пискотници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Следниот ден вечерта изгасна осветлението и градот остана во темнина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе