вечерен (прид.)
Организирањето на вечерните училишта за Македонците печалбари, основањето на јадрото од коешто израсна Младата македонска книжовна дружина и остриот судар со бугарските власти на Стамболов, затворањето и потоа бегството во Македонија – зборуваат дека Груев навистина бил „во бројот на сепаратистите”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А еве што се одиграваше во душата на малиот водоносец: После вечерниот разговор со старецот и сонот што го сони ноќта, во него како да се скрши нешто, одеднаш му се откри пред очите што станува околу него и каков подвиг означува борбата со блатото – она подводно чудовиште што го виде на сон.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Риби, риби, рипчиња... Нежно и грубо, тивко и гласно - како да се препорачуваа секакви риби - кркушки, крапови, сардини, гласот шушкаше како вечерен навев - надоаѓаше, се разлеваше, се повлекуваше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во пурпурот на вечерното небо се лизгаат ластовици и танка опашка на недозрел ветар.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Зборовите, тие врели капки смола, посилно печеа од ударите на невидливите мали чекани и разбудувааа нешто далечно, нешто склопчено на некое дно уште таму, в шума, крај вечерните огнови на смоларите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Низ отворениот прозор Славчо гледаше во вечерното небо, во трепетливите ѕвезди што една по една се палеа.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
ИВАН: Не ми остана ништо друго, освен да го оставам Методи да го чека и вечерниот воз.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ИВАН: Крстју просто ми рече дека Младичот не може да се качи на попладневниот воз и дека ќе тргнел со вечерниот.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ФЕЗЛИЕВ: Нели, Луков? Би било навистина возбудливо човек да ја продава досадата во три изданија: утринско, пладневно и вечерно.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Беше исто како кога си гледал до пред еден миг една од оние ситни ѕвездички на бледото вечерно небо и која сега, наеднаш пред твоите очи, пак ја проголтнал во себе бескрајниот простор и веќе ја нема.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Штурците почнаа да ги гласат своите виолини за вечерниот концерт. Беше време за враќање дома.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И додека точи чај, се обидува да ја открие смислата на посетата) Рековте дека сте машиновозач на вечерниот.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Се движат заедно тие секој кон бесоницата своја утрото што го бара. А водата се ниша од моите последни стапки и веќе ја испива зеницата на вечерната ѕвезда.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ги меша житниот корен со семето од макот и од езерските дланки вечерната ѕвезда ја ближи.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
„Монпарнас“ тешко се напушта, зашто бесцелно шетање по неговите улици само по себе претставува задоволство, особено во вечерните часови, кога по неговите широки тротоари се води улична трговија со разновидни накити, кои ги продаваат хипиците, придружувајќи ја со звуци на гитара.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во вечерните асови во квартот околу „Иштван Матијаш“, во непосредна близина на црквата, се збираат многу луѓе, гости и туристи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Патот неусетно ме водеше кон пристапите на „Пигал“, на „Анверс“, но, бидејќи уште беше дење, решив овде да навратам во вечерните часови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Милата вода! Вечерното сонце легнало над брановите, им се предало.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Особено го привлекувале тешките, крвави облаци на вечерното небо...
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)