вересија ж.

вересија (ж.)

Земи на вера, ако нејќеш на вересија.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Ќе спечалам, ќе ја соберам вересијата и ќе ти ги вратам парите, а лозјето остави ми го, ти се молам, чорбаџи Теодосе, ми е спомен од татко и од дедо.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сиромав, окапан, немаше пари да му плати на попот кога ве крштаваше, најпосле и него го закопаа на вересија.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Наточи вино крваво! Наточи на вересија!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И Мечето пишуваше по два три пати една иста вересија, која по неколку месеци ќе ја плаќа Брајан кога Петруш ќе си ги земе тевтерите и ќе му оди в село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Работата се сврши, невеста доведе, венчањето падна, а тој уште на вересија работи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А кога Брајан од Витолишча, Стојко од Полчишта и други сиромаси немаа да доплатат, тој им ја даваше стоката и без пари, на вересија и му наредуваше на Мечето да запише во тевтерот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Земаа на вересија од аништата по неколку сомуни леб, но прво си го делеа сејмените меѓу себе, та што им престануваше им даваа по некој залак на сужните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
1. КОЈ ПИЕ НА ВЕРЕСИЈА СЕ ОПИВА ДВА ПАТИ - а за трезнење и трето пијанство ќе вети.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
За да се арчи стоката што побргу и капиталот да се коти како питоми зајаци по десет, дваесет, педесет и сто за едно, тој „правеше и друг себап“ даваше сѐ на вересија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На крчмарот и другите „трговци" им нареди да ја бележат вересијата на броевите од работниците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не знаете да се чувате. Живеете на вересија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Им носат муштерии, а пак сликарите некогаш можат да пијат и на вересија, кога ќе се случи да останат без пари.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Дојдов. Од тие тефтери треба да се избрише господовата вересија.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со пари вчера купував, денес на вересија. Ту еден продава ту купува друг, јас од тебе, ти од мене- вртење во круг.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Беше болен, немоќен беше, блед, како молец што ги изел јаслите свои, ткаенината во која се родил (пајакот никогаш, макар и најгладен бил, не јаде од мрежата своја, од делото на утробата своја); таа ноќ, кога му го покажав пајакот грозен во ковчежето, сила незнајна, сила ѓаволска го крена на нозе, и тој со мене појде, кон гревот негов, мене што ми се пиша во книгата на вересиите божји.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И со слово мачно, со јазик одбран, со срам и пониженост му преподаде логотетот на Филозофот и слово за ќерката малоумна негова, за срамот негов, за гревот што не го сторил тој, ами некој негов предок, а тој го плаќа како долг туѓ од божјата книга на вересиите запишани.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некогаш даваше и на вересија, исто како и Марко, гледаше и тоа робот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пеевме тогаш, Мама Хуанита, Куку-руку кууууу Паломаааа, цела ноќ пеевме а наутро ги сркавме првите чорби во Букет и Победа и ги учевме првите уроци по брзо растење и пиење на вересија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)