вежба (несв.)

Решивме да направиме свој циркус, да се вежбаме и да појдеме по светот. Беспризорните беа занимливи - имаа премалку леб, премногу фантазија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Никој не знае дека хирургот на виолина ги вежба своите прсти.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Неуморно работи, вежба. Дома сама, со ансамблот во театарот, не пропушта прилика повеќе да научи, да се усоврши.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
МЛАДИЧОТ: Горе вежбав со нагант.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во заднината имаа неколку ископи во кој вежбаа брзо излегување за јуриш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Иако во градот често трчаше со другарите по топката, возеше велосипед по улиците на населбата, вежбаше на справи во фискултурната сала на училиштето, не можеше да стане ни збор за некаква споредба меѓу издржливоста негова и на Бојана.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Е, прдни ѝ сега на цевката!“ ќе му речеше и по цел ден го тераше да гаѓа на коњско влакно и да вежба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од врата кога ќе влезев во училницата каде што вежбавме не можев да не ја забележам искрената широка насмевка на лицето на Вера, со која ги освојуваше сите деца, скоро без исклучок, како и со топлиот спокоен глас, со срдечноста, со присноста, со топлината во очите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
еднаш, за една иста коска се фатиле со едно куче и се наттргуваат, си ја отимаат коската, се дават, крв им тече од ноктите и од забите, на Стевана, ко вода му се нишаат забите, не знам кај беше ова и не знам кога беше, јас мислев во цвеќе ќе ја најдеме Македонија, а таа во казан клаена и сите ѓаволи играат околу неа, ќе ја посееш жито, а кукавици ќе ти никнат и после не кладоа да вежбаме војнички работи, фронтот е како кај Бигла, а ние како кај Зајгазица во ливадите вежбаме: напред, назад, клекни, легни, а командирот, некој добар, Благоев го викаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе ќе вежбаме, ама и ќе учиме школо...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И, дедо Пандо, почнавме да вежбаме маршување. И дење и ноќе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Умерен во пијалакот и задоволствата со жените, тој постојано го вежбаше телото (со исцрпувачки атлетски вежби) и духот (во Библиотеката, меѓу старите книги и записи).
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Можеби затоа – му проблесна другарот од детството кого родителите со сила го тераа да вежба пијано, пукаше по врапците на жиците.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сакав дури и да ја погалам по косата, ама толку многу се растреперив, толку почна силно да ми чука срцето, толку се збунив, што го згрешив и текстот од песната што ја вежбавме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сѐ можел да се заколнеш дека од првото исправање на нозе и со неисушена капка мајчинско млеко на усните се вежбал само за една одбрана и за еден ден, за тоа смирување на попладнето исполнето со топлина и со брчење на златни бубачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Секогаш да им дадеш на другарите. Што работевте потоа?“ „Вежбавме математика.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Наставникот вели дека секој ден треба да вежбаме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Зар сталинизмот мораше толку многу да вежба со нашите души за да ги стори комунистички.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сепак ударен во оваа глава е делот насловен Training and Performance, кој се занимава со „проблемот на идеологијата во ситуација на вежбање, обучување и изведба (training and performance), во практичниот силогизам на идеологијата на или во поединецот, или прашањето како идеологијата преку парцијализациите се претвора во чин, делување, акција на поединецот“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе