ваган (м.)
Невестата Менка донесе пагурче со ракија и во едно ваганче сирење и пак си отиде некаде по нејзина работа ... — Та, така Петко, а? — Започна пак Карабуклијата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Пред зори Шпиро се прибра дома, а Бисера без да мигне, дури татко ѝ и брат ѝ предремаа, замеси дветри погачи, залеа вода, ја почисти куќата, ваганите и си отиде дома да наѕре и пак се врати долу да ги пече погачите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Толку ти е мило во душата што при секое посегање да сркнеш од чорбата, лажицата ти бега надвор од ваганот. На несакање ти бега.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Оттогаш е останата пословицата: „Не мини кај што се бричи кадија, оти ќе ти го дадат да го држиш ваганот”.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Берберницата е најстара во градот; пред да ја отвори Боце, берберската работа се вршела на сокак - муштериите седнувале на самар и сами си го држеле ваганот со вода.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)