бујрум изв.

бујрум (изв.)

АРСО: Тоа е приказна за дечиња, коџабаши, прикажувај ја ти на внучињата твои, а нам ако сакаш една песна да ни испееш, ама весела, бујрум!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Повели, бујрум, ористе, шо велаат солунките! — и ја зеде оддесно да ја води горни крај, туркајќи ја вратата на мандало.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бујрум, бег, бујрум, повелете! — ги кани Лесната на прагот од својата ниска куќичка и вика по сина си Стојана да запали борина, оти веќе и мракот падна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А сега бујрум со мене да ме носиш кај тој, како се викаше...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Вратата се разгрна полека, но наместо да се појави остар јатаган, се појави една сејменска глава; се опули во собраниот куп и се насмеа. – Се собрале како пилиња под квачка – проговори и ја отвори едната пола на вратата. Му се поклони длабоко на тој што беше зад него. Му направи темане: – Бујрум, кади баба. Тука се како лисичиња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Гавазот излезе и веднаш се појави на вратата Суљо-ага. Со длабоко темане и тој го поздрави кадијата како гавазот пред малку. – Сабанаролсун, сабанаролсун, Суљо-ага, бујрум. Кога толку бргу се врати?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Бујрум, бујрум37), седнете! Трговецот седна на шарениот миндер.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тоа влезе како ништо да не било и застана до вратата со „бујрум бег“. (Адем го беше научил како да го ословува кога ќе влезе).
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бујрум, мудур ефенди! — праша младото забитче и направи скромен поклон со раката на градите, повеќе поради староста на мудурот отколку на неговата положба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
КРТОВИЦА: Бујрум. Влезете. Влегуваат. Ја внесуваат својата торба. Ја оставаат.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Бујрум, ага, на зијавет. Ќе те послужиме како свој човек, алах те благословил.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Танаско како одвај да ја протурка својата снага низ вратата, покриен со дебел слој снег што го истресе внатре во одајката, влезе со грбот а не со очите, оти гласот и очите го водеа гостинот Бујрум у нашта кујќа, место коуку милуваш, уште тоуку може да собере! и ѝ се обраќа на својата жена без да се заврте, сега тресејќи го снегот од гостинот Пено мори, устрау да те удри, пули кој гостин ти носам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Бујрум, рече грнчарот со полна уста благост, но и со задув во дишењето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повлече од цигарата. - Кога сакаш бујрум кај мене крени си некоја гајба Афро – кола и однеси си ја дома и на Александра, ѝ реков дека може да се послужи со мојата залиха од сокови, мислам сериозно, ако ти се допаѓа пијалокот, нема проблем.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)