буричка несв.

буричка (несв.)

Стани мало... (Ce спушта накај сандачето во катот и буричка внатре.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
А, лебами, јас од тоа живеа, нека ми платит. Море, кога ќе си помисла оти на владиката во Битола му и брои педееет ж'ти на една рака за да ме стори поп цревата ми се буричкаат!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сѐ што ѝ се буричка, ѝ иде на повраќање, како болна изгледа, а од ништо не се жали.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се гледаше вироглаво растрчан, разплеткан во бесмислено буричкање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Одненадеж ова возбудено клопче се одмота, се затегна и се заплетка во несфатливо буричкање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И таму настанува буричкање, глуво и диво офкање и виење на ѕверови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И ене ги двоножните кртици, што ја ријат земјата по цената на своите животи; излегоа од своите дупки и се назагнаа на долчето да се расонат што побргу, и да влезат да ѝ ја буричкаат утробата на земјата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сал патот дамна оттука што минал ми буричка во некои тајни места и не престанува да ечи во мене.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Времето е нешто неверно, се буричка, може да ме излаже.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ѝ буричка во косата, ѝ посега под ракавите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури да се разгори огнот, вели, и буричка во огнот, го сили, го осилува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тука убивањето е внатрешно. Јавноста е исклучена од буричкањето.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ги колваат и ги кинат, им буричкаат со муцките меѓу цревата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Над нас се поснижило небото и некои црни облаци се буричкаат, трчаат, се кинат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отвори го ковчегот и запиши сѐ што е во него, ми рекоа а јас стоев и ги слушав како буричкаат по секакви отпадоци зад мене и се закашлуваат од прав и тешки мириси што се закачуваа со лепливи шепи за нивните ноздри и бараа пат кон грлото, кон дробовите, кон многубројното дно на ковчегот од човечко месо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сред сета онаа арогантна турканица, таа ми праќаше охрабрувачки погледи,со неприкриена нотка на сожалување, што ме натера, токму на полноќ, откако буричкајќи по џебовите најдов две згужвани, испотени, но се уште читливи хартиички, да скокнам од мракот, си истуркам пат и лежарно му го земам микрофонот на едниот од гласноговорниците дркаџии.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Клинците, тие си буричкаа во носот, се врткаа на сите страни...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Му буричкам низ салцето на вратот... На колена сум врз него...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од таму, според неа, и овие буричкања во нејзината утроба.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чана застанува крај пепелта, клекнува, буричка по неа, ама нема никаква спуза.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Повеќе