бурек м.
бурекчилница ж.

бурек (м.)

Вака, сами ние двајцата, можеме без брзање да си го пронајдеме купето, седиштата, удобно да се сместиме, па дури ни остана време и да купиме по осминка бурек со јогурт што го јадевме седнати крај прозорците на вагонот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој никогаш не јадел бурек на автобуска!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Крај него брзаа луѓе, некои дојадуваа бурек и фрлаа измастени хартии.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во 2 по полноќ ги водам на топол бурек во центарот на градот. – Ова е како вашиот хамбургер, Џим.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Именките стануваат семантички важни! Егзотична еднонасочност – пример – БОЗА: За разлика од бурекот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На индивидуална акција? - го прекинува Џим, меѓу два залаци од новата четвртинка бурек, овој пат со печурки.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но командирот е мртов ладен, куклено мирен, како егземплар во излог - го ислушува без коментар, го отпушта без сочувство и се враќа на својот недојаден и веќе оладен бурек.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Боге се мислеше дали да наврати во првото гратче за по еден варен ѓеврек или да стисне заби за топол бурек во првиот град, кога Кате проговори: - Одвај чекам да си дојдам дома.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Едни донесуваа, други ги однесуваа испечените тави, тепсии со баници и со буреци, разни татлии, сомуни лебови наредени на долга штица и завиткани во топли цедила, грав-тепсиичиња, чомлеци во земјени грнчиња на кои капаците им беа залепени со тесто. Само да гледаш и да не се нагледаш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
МАТЕЈ: Бурек е мртва храна.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Утринава во опулот ми останало само уште едно парче езеро што многу личи на четврт бурек - и тоа не со спанаќ или со месо, ами со бели едра.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Станувам да отворам и гледам на врата се истопорил Жанко Жилковски, кој носеше 5 четврт бурек со урда, но внатре наместо урда имаше биено сирење, а до него застаната цицлестата Јелена Ристевиќ, која го држеше нејзиното најново цд у рука.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Стабилен е како човек зашто секој ден јаде исто, четврт бурек и јогуртче.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас и така само осминка бурек јадам!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Потоа, татко ми своите таблети ги пиеше редовно, во нејзино друштво, со четврт бурек и јогурт, таму горе на ридот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Монголските коњаници ќе ги донесат буреците и баклавите на бреговите на Босфор во султанските палати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Питите ѝ одеа малку потешко. Ама со годините и времето научи да го стегне кр’нгот и в раце да го заигра сукалото под кое добро измесеното тесто се сучеа кори за пита со пресул, со праз, со кастици, со кромид и свинско пржено, пита со тиква, со урда и праз, со коприви, со корки мешани со урда и јајца... сучеше и кори за бурек плескан со по четири или пет кори со урда, сирење, бурек виткан окол-закул со сирење и кори за бурек - плетениот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од персиско потекло се и голем број називи на разни јадења, зачини, прехранбени артикли и пијалаци: боза, бурек, дарчин, кајгана, мезе, нишесте, ноут, ошаф, пекмез, пелте, пилав, пиран, реванија, речел, таран, чорба, шарлаган, шеќер, шеќерпаре, шира, ширдан, шкембе и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)