будала (ж.)

– „Море ами кој е тој будала што ќе ти верува, бре Силјане, му рекле селаните, оти си бил штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Зашто не сум будала само да ’рмбам...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Море не биди будала, Ѓуптине! За пари сѐ се дава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ти влегло в крв да се преправаш будала, пред чорбаџијата па и пред мене... Не си ти за кум.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А — пак ти „Будалине“! А сите сме навикнале да те викаме Коте. Од каде да знаеме ние што мислиш!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: Не се будали како нас, луто со луто — со пиперки!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КОТЕ: Право, демек, оти со сакање го реков — „будалине“, место Бугарине. Ама ич не помислив на вас...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А море, овчар будала, Каде се чуло видело, Каде се чуло видело Мома на пат да љубиш?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Отишла Милка на вода Со две стомниња шарени, По неа овчар будала: „Дај, Милке, да те целивам!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ВАСИЛКА: Ами сега, кога вујко и си сака и си дал збор пак таа не е будала да му гази на честа. Тој и е вујко и татко.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сѐ имаат во предвид Германците кои Турците ги викаа Аламани аландарка — скитница, маалуша, покуќеша што шета по куќи алипен — сакат од нога или рака, око итн. ампа — несреќа алтица — парче од ткаенина — крпара амак — будала амле — грижа аргач — ограда за овци во нива ариза — поклон армасување — годеж, посвршување девојка вдовица аро — страшило артирисува — заштедува асло — зелена нива напролет без клас во која пасат јагнињата астретен — оскуден ата — несреќа бабуа — грижи од бабата за новороденото дете басам — не признавам, одречувам тоа ти што го тврдиш баснар — човек што баи, врача бастра — болест по растенијата беане — ивтирија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Триесет и две години жена стара ли е, будала една!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој го нашол да го донесе во општината, голем бакшиш ќе добие од стопаноооооо! — па ќе го симне малку гласот: — Ако е будала, нека го донееесеее!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чорбаџи-Дико знаеше сѐ за Бошка и затоа, кога овој седна спроти него, не го дочека ни да почне да се поплакува, туку си сркна од кафето што тој час му го донесоа момците и офолито, со потсмев во гласот, му рече: - Зарем на еден Лумана најде да му одмаздуваш, бре главо будалска.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
-Не сум будала, - рече. – Ја ако ми имаше наместено заседа!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А ти, Бошко, не биди будала.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Само будали луѓе можат да го сторат тоа – и пак почна да се шетка низ салата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пуштете сега и вие еден коњ да спие кај вас.“ „Будала некој, тој ваш отец“, со кикот рече девојката и пребрзо за нивното разбирање симна сѐ од себе и се прозевна. „Ајде кажете каде ќе се легнува?“ По подот лазеа чудни мириси на мастика, на лук и на женска топлина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ФЕЗЛИЕВ: (Резигнирано.) А ти си будала. И тоа многу.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: Тоа дека никогаш на никого не сум му дозволил да ме прави будала; најмалку ќе ти дозволам тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повеќе