бршлен м.
бршленов прид.

бршлен (м.)

Плачејќи, до себе студената ја гушна глава ко бршлан којшто јавор млад прегрнува,се припива до таа тенка става .. .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Во саботата едниот девер кани од кај зетот, братот или братучед кани од кај невестата, а другиот девер оди во планината по бршлен, од кое се прави зелениот невестински венец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Човекот го чувствуваше своето умирање како растење на бршлен, како брзо и спирално обвивање околу коските во кои се топеше восок.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На другиот крај, на самиот агол, стои кокетна куќарка, обрастена со бршлен, и два кипариса стражарат пред влезната врата. Се излегува на плоштад.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не сети како го помина просторот од пристаништето до оваа тесна улица каде што се потајува во бујната зеленина на бршленот вратата на магазинот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој се поприкри во сводестиот сплет на бршленот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се таи во најбуното на гората, во еден густеж од дренови дрвја и диви рози заплеткани во бршлен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ѝ се фрла на жената, ко бршлен ѝ се качува под гушата, се гребе и не се пушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме поткосува нешто оздола, ми се завртеа ѕидовите, што се вели, бршленот, живата ограда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тогаш во куќата каде што бил скриен малечкиот Исус, одненадеж изникнал бршлен, и така тој се спасил. - Хм, интересно... - рече полковникот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Еве бршленов... - покажа со раката кон ѕидот на црквата по кој беше изнафаќан бршлен... - Бршленот го спасил Исуса Христа... Полковникот го погледна заинтересирано.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Полковникот Бонети стоеше засолнат во бршленот во дворот и гледаше кон ќелијата на Смилјанка во која влезе отец Иларион да ѝ држи епитимија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја стиснав темната ткаенина со топлите раце; го почувствував Марс, еден железен мирис, и Венера, мирисот на зелен бршлен, и Меркур, мирис на сулфур и оган; го почувствував мирисот на млечната месечина и тврдоста на ѕвездите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Некои велеа дека живее во мало куќиче на крајот на градот, сето обраснато и обвиткано со бршлен и анамска рака, покрај која минувала браздата што доаѓа од стерната на Аузо (така го викаа изворот што се наоѓаше под високиот рид исправен над градот).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
1 Оваа ноќ на твојот трем на небото од бршлен навраќаат ѕвезди Зад благите огнови оваа ноќ Зад летните ѕвездени огнови живеат сенките на твоите прсти.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во тој начин на соопштување, Гита Корец со својата непогрешлива интуиција го препозна никулецот на една состојба што се развиваше како дива билка, како брзорастечки бршлен што во неа предивикуваше силен и неконтролиран страв.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
2 О ти оставаш да зборувам за љубовта како што верувам а тоа е сепак повеќе одошто умеам Оставаш да го возобновувам мигот кога излегуваш од својата насмевка и остануваш толку осамена што бршленот почнува да живее на твоите глуждови.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дрвја со бршлен стегнати, во облека на природата совршена.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Трешти стара музика а ти се виткаш како млад бршлен по ѕидовите на сеќавањата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Повеќе