брчало (ср.)
Веднаш застана на место и му викна на Колета. — Запри а гајдата, бре побратиме, да си го видиме есапот со вој пес! — И сам го извади брчалото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Брчалото, свесен за неукоста на своите земјаци, најтрпеливо им појасни: „Чопер по американцки се вели и за скакулец. Скакулци што се, знаете.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
На Брчалото секој месец, некое време околу половината на месецот, поштарот му носеше по еден долгнавест жолтеникав плик после, така што тие дена одеше в град и по најмалку неколку денови го немаше да се врати.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кога уште некое време некој ќе го спомнеше, тој не велеше го прости Господ Илета Вегов, туку велеа - „Забара, којзнае што му се случи на Брчалото, како в земја да пропадна, а можеби и волци-врани го раскренаа...“ ***
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)