бришан прид.
брише несв.

бришан (прид.)

Сега се гледа. Сега само продолжуваа да се гледаат, а мечката, сфаќајќи дека тој може и на тоа растојание да ја јаде, стоеше на голината, далеку од секакво засолниште на белиот бришан простор, погодена и расколебана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Утре наутро, кога ќе дојдам во оваа канцеларија сакам од мојата десна страна да видам бришан простор.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Уште еден чекор, уште еден, но тие напори го влечеле сега во линија на зиг-заг по бришан простор и бил точно онде кај што се исправил во атакот да ѝ појде в пресрет на смртта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред нас бришан простор, напред беа другарите, а одзади само еден партизан, слушнав мината како зашушка и знаев дека ќе падне близу.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Натаму беше бришан простор, ниви и поле.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ако ги прелетам тие пеесетина метри бришан простор, си велам, спасен сум!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од тука до падините на Лисец – само стотина метри бришан, гол простор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со очајнички напор се пробија низ наметот и излегоа на бришан простор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Авиони во формации, по три наизменично, долетуваат од Рупишта и Кожани и во низок бришан лет го бомбардираат полето, трските, езерото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)