брдо ср.

брдо (ср.)

Другиот прифатува: - И кажи му на кметот од нашето село да не се грижи за нас оти знаеме ни пцуел мајка партизанска и потскажувал па Тодора и Јована ги тепале ги ставиле во окови а со нив и мојот старец прашај ги твоите војничиња мајмунчиња како ги дочекавме на Момино Брдо и како бегаа од нас...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во два коша натоварени на еден коњ ја премина Баица Дрина на брдото кај Вишеград и не се врати веќе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
10. АТОВИТЕ СЕ РИТААТ, МАГАРИЊАТА ТЕГЛАТ - а може и во лаките коњ до коњот да прета, а магарињата по брдата, од змиските легла, за тие коњски кошкања камшици да плетат...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ми чкрипи разбојот, вели, ги провирам малките меѓу основата во брдата, и како ќе чкрипнам со чкрипците, така ќе ми се скине јатокот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така и беше: како што растеше, така сѐ повеќе дома не се прибираше: скиташе по околните места, брда и планини.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но како од страв, да не ме сетат кодоши не смеев да се јавам на Имотот, а како кај вас уште оттаму, од брдото, (од Зедница) видов дека свети, и како сте вие прва куќа после Имотот, решив кај вас да се јавам и вам да ви го оставам и коњов и чупалево.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Располагаме само со некои брдски топчиња, колку да ти ги заглушат ушите...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А таму надвор беше вечната зима — голема, тешка винска преса што го смачкува безбојниот покрив на небото, го смачкува како грозје, цедејќи боја и смисла и сушност од секого и ги варди децата што на скии и санки полетуваат преку стаклестите брда кои го одразуваат тешкиот железен штит надвиснат над градот, секој ден и секоја ноќ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во миговите на разведрувања можеше да се види целото пространство, панорамата на реката, трите града, пристаништето, доковите што се збиваат покрај водата... пругата... сите бродови кои заминуваат... кои пак поминуваат малку погоре... зад брдата после полињата... кон морето, после Шатам... Тоа беше единствено чувство...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ветрот маваше во ламарината. Сите прсканици, сите налети се одбиваа од брдото.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кога бурата долго траеше, и кога целото брдо завиваше со денови и денови, ѝ се нафрлав на теглата шеќер, со црпка или со раце, тоа ми беше утеха, жолтиот, небет-шеќерот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Гледав во тоа искуство што сега беше огромно зажарено брдо, планината што ја испушташе вжештената топлина наоколу, а сите само се оддалечуваа од таа топлина која освојуваше сѐ повеќе и повеќе.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Од привремените бараки на брдата војниците се преселија во ановите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И мислам дека борејќи се со вакви размисли бев на пат да совладам цело едно брдо ќебапчиња во ќебапчилницата на Кире Сомунот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сѐ се случува така како што упатуваат древните книги Патеката е со покривка од најлесен пердув Од истата воздушеста материја од која била скроена Некогаш првата облека на Ева Избегав овде за да го заборавам оној друг свет Со брдо кренато за да се измачува Сизиф Со столб издигнат за да го оковат Прометеј Со оној обезглавен труп од Пеколот на Данте Што ја држи за коса сопствената глава И ја носи покрај себе место фенер.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Го качував по некое стрмо брдо моето трпение или Сизифовиот камен.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Жена му беше нервозна по вчерашната слава, брдо неизмиени садови и извалкан тепих.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Од левото крило на саемските градби беа излезени високи Снешковци на прошетка по моделираните снежни планини осветлени веројатно од рефлектори што беа закопани во снегот или засолнети зад овалните бели брда.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Добро имате, ама нас, Македонците во Голо Брдо нѐ заборавивте. Нѐ оставивте на Бугарите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сите се од Голо Брдо. Едни со привремен престој, чекаат преселување во Драч, други на печалба – ѕидари и аргати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе