братко м.

братко (м.)

– „Ба, братко, колку за тоа така си е, му рекле друзите на стареата, нека е жив Силјан, многу итроштиње научил дури шетал по туѓи земји, да од тоа ќе знае и приказни што чул да ни каже и да нѐ чуди.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кој умрел за татковина и за човечки правдини - каде вас, братко, не гинел, со вас до векот живеел.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И тогај морен нема да шепнам за спомен со засипнат глас, а бурно, ех, бурно ќе викнам: ете нѐ братко, најсреќни нас!
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Подигна Каме клепките, в очи му солза назреа, издиши гради, разниша, почна ко старец да реди: - Стојане, братко, Стојане, не можам веќе да сеам младост по карпи змијарник.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Тешко е братко, Стојане, мило да немаш крај себе, сакам на книга да учам, в очи ми солнце да влезе, мракој ми душа затнале, ко лисја капат денови, в гора мени промени, одново лист ќе потера, а мојте братко, младини не ќе ги видам никога. – Дејгиди кучко погана, куќа ми, кучко, поцрне.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Ајде, братко, помогаи си и бог да ти помогне. Со скрстени раце нишчо не бидуа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да има, братко, време кога да се приготви нешчо вечеричка, винце, ракиичка, знаеш каков е нашиот адет. Невеста се води, не е играчка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ууу, братко, — се јави невестата Менка, која што се спремаше да оди да ја вика Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ох, ајде братко! Ми отпадна рамово!... - го подгони оддолу друг работник, свиткан до самите скали, под товарот на тулите, поредени врз дрвеното самарче.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Братко мој, со твојо ум и способности, сигурен сум дека ќе можиш тука одлично да се снајдиш!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Целата десетина ја истера од земјанката и нареди по вакво време да копаат... A јас, пак, тогаш бев во соседната земјанка... - Е, братко, си надробил.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеш да си валкан, нечист, неиспран, значи да имаш нечиста кошула, нечисти чорапи, нозете да ти смрдат, од мишките реа да испарува, лицето да ти е валкано, цел да си валкан, на буниште да личиш, ама пушката, е, пушката, братко, задолжително секогаш мора да е чиста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)