браво (изв.)

Браво, бре, ово је баш делија ... Него шта, не може свака рѓа да буде четник...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
- Една карамела, - рече Зоки и оддели настрана една карамела, - две карамели... Три карамели... - Браво, браво! – рекоа гостите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Браво, браво! Да му е алал! - дополни втор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Браво, јунаци! - рече комесарот и им честита.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Браво, Трајче! - го пофали чичко Тале, го почука по рамото, му ја стегна раката и продолжи: - Таков те сакам. Да бидеш како татко ти.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Браво, браво, а така де! — повикаа во еден глас сите тројца заповедници кога го видоа белото шамивче и зачекаа да се појават комитите на вратата и да се предадат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кто сказал ,браво“, повторува едно за друго, а Германките само ги покажуваат јазичињата ко гуштерици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Браво, велат некои Германки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Браво, ми вели Нина Шчепкина, што имате завршено? — Гимназија, велам. — Отсега ќе кажувате два факултета.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ракоплескањето шуми како пролетен дожд врз ламарина по салата и од сите страни се чуствуваат извици: Браво! Ние се гордееме со тебе!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Браво, - ми вели тој мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Браво, аплаудира лицето на жената.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Избилдувани мажи и жени - коишто речиси без иронија ги нарекуваат beefcakes (говедски колачи) - добиваат аплауз од околината. Браво тело!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Браво капетане, капетане алал, секоја чест кормило мајсторе!“ – се раздрав со гласот мој цел, и ми дојде некако убаво, лесно на душата, и продолжив да навивам, да го бодрам...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Долговечноста е цел сама по себе. Браво, Willi! Браво, долговечно тело!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бидејќи го растурив Ритон, ќе те оставам сосема сам, во недоумица. (Браво сето преостанато време ќе гледа кон отворената врата во која влегоа Жан и Боб)
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Браво, бе, машко!“ го чув и видов Стојан Козето седнат на триножното столче едно педесетина метри над мене во воздухот, со престилка на себе и шило и чеканче в раце, “ама поќе ништо не ми треба! Сѐ имам дестур!“ и широко насмеан покажа на куповите ѓон до себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Вангел Русјаков, без да ја поткрене главата проломотува Браво за Дине, ем две жени, ем куп деца, ем сам под капата на Господ! се подзавртува и својата ситна женичка како да ја напикува во својата пазува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Публиката падна во транс; аплаудираа, викаа „Бравооооо!“, и дружината излезе и се поклони: Луција беше невестата, а домаќинот беше никој друг туку – Фискулутурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Олаџак, рече неговото величество, браво!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе