болскоти (несв.)
Се колнам, болскотеше пролетното сонце, на снегот уште појасно, уште посилно.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Од очите ѝ болскотеа искри. „Лили“, рече Тате.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ad patres, ad patres Има еден коњ, скока од рид на рид и од век во век, ноќем вишти под ѕвездите на Азија, утринум гребе, раскопува, ги буди оние на чии бедра вземи сè уште болскотат нивните сјајни мечови и го раздиплува големото македонско писмо - како единствена насока на Европа кон Исток.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Гледам, стои една таква дама. Наврела чорапи, заб ѝ болскоти в уста.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Само талка со погледот. А болскоти забот в уста.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во твојот поглед забележав, како болскоти чудесна моќ...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)