болест ж.

болест (ж.)

Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите, продолжи повтор за него — „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи господ во рајот го пратил; неизмерни сласти му нуди; и само плачејќи душата ти му ја матиш, бидејќи тој падна со своите, бранејќи ја со нив херојски земјата мачна, а не како злосторник кого Темида го гони, фрла во јамата мрачна, и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен, не како удавен в браној, и не како жена што потајна болест ја јаде, — туку од јуначки рани . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Прва година помина грутка в срцето ѝ легна, втора година намина болест ја в гради искина.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ние сме си друго, од една болест страдаме. Слободно кажи ни на нас, не се срами.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Челото ми гореше а веќе знаев дека сум негде на границата на некоја болест. Не се разболев.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бев болен од заразна болест, радосно објаснив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- „Во оваа куќа има заразна болест“, со уживање изрецитирав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Одамна веќе беше ја наметнал црната риза и капа, се „подвизава“ заедно со сите негови „братија во Христа“; беше најмал брат и најпослушен, после дојдоа помали од него, а тој стана „ас'л калуѓер"; ги научи сите молитви напамет, дури и тие што „лекуваа“ најтешки болести.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сѐ имаат во предвид Германците кои Турците ги викаа Аламани аландарка — скитница, маалуша, покуќеша што шета по куќи алипен — сакат од нога или рака, око итн. ампа — несреќа алтица — парче од ткаенина — крпара амак — будала амле — грижа аргач — ограда за овци во нива ариза — поклон армасување — годеж, посвршување девојка вдовица аро — страшило артирисува — заштедува асло — зелена нива напролет без клас во која пасат јагнињата астретен — оскуден ата — несреќа бабуа — грижи од бабата за новороденото дете басам — не признавам, одречувам тоа ти што го тврдиш баснар — човек што баи, врача бастра — болест по растенијата беане — ивтирија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Така „вела“, кај шо има некрстена душа иде тој „натемаго“ и носи секакви болести, како за детето, така и за мајката, — велеше Митра кога Доста се пожали оти ѝ смрди опурчакот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Слушај, кога пијам без тебе, ме обзема поетична болест.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во неговиот стан под керамидата беше влажно и студено и затоа често настинуваше и боледуваше де од кијавица, де од грип или од некоја друга болест.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А пајките по селата масовно умираа од срамни болести. „Може ли жена да има брадиче?“ праша Мануш, и брзо додаде: „Прашав така. Се сетив на богородица.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Коњ? Не, тоа е човек, болен човек.“ „Од каква болест?“ прашуваа со крваво месо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ване замолча. Што можеше да прави? И така таа вечер Ване не отиде в кино. Виновна беше неговата “тешка болест“.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го жалеше Ивана, веруваше од својот корен - тој е презафатен во болницата со луѓето за да верува дека освен болестите постои на светот и друга опасност...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Си почнал да пиеш, ти се вратила пак твојата стара болест и си почнал да измислуваш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Еве, дваесетипет дена ја испитуваше болеста што ги зафатила душите на овие двајца младичи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Три деца и жена му од тешка болест лежат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беа и задоволни, онака како што се може да се биде задоволен по некоја ужасна смрт, на која ѝ претходела уште поужасна болест, од тоа што веќе нема да го гледаат Големиот Ристана како го влече својот плач по нивните темели со раскрвавените палци на нозете.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Нели луѓето често боледуваат од разни болести: те глава, те стомак, срце, кашлица, нап-надвор и друго.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе