болен м.
болен прид.

болен (прид.)

Но ти опасноста ја презре, и во пресрет, диво, на болниот му летна знак. . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И само в гроб јас кутрата, за мојта болна душа ќе најдам сладок балсам .. .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се повеќе од нејна град се крева плач и пискотот што воздухот го полнат. Над овој толку тажен створ се збраа многу жени и со една тага болна ѝ шепнат тие збор по збор.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
СИМКА: (Со болна насмевка). Го знаеш ти, Костадине, моминското срце... Додека сме моми, немаме срце. Само сме моми...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЗАФИР: Не чини. Побратимот болен лежи, а ние: удри на песни.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Знае дека сум болен... Нема душа... (Кашла). Викни му, Зафире, покроце нека чука.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Со песната и се пее, и се плаче! (Почнува да пее, сите го придружуваат.) Болен лежи, млад Стојан, болен лежи, ќе умре, над глава му младата невеста с’машко дете на раце, солзи рони, солзите ѝ капат на Стојаново лице...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Прикаски болни, таговни Грутки во срце снеговни!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Душата ти е болна, дробовите ракија ти ги гризе, а ти лежиш и молчиш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се исправив од миндерот возбуден и збунет и се обидов да застанам на болната нога.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сѐ што ѝ се буричка, ѝ иде на повраќање, како болна изгледа, а од ништо не се жали.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И други жени, мажи, здрави, болни. Девојчињата — од уѕур, на прошетка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина, ете, пред големиов празник во Чебрен се заврвеа поклоници — болни, неволни — со десетици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па и здравјето не му било добро и на годината легнал болен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа беше едно мало шише во кое имаше некаков лек што го пиела мајка ѝ кога била болна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Безживотни, болни раце, потресени од судбината на играчката со истргната нога. Раце, имате ли виза за животот?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Жената молчеше, беше згрчена во износен капут и тешко се држеше на нозе - беше болна или пијана, а тој ја гледаше, нејзе и офицерот, борејќи се за малку сила за да издржи додека тие не се оддалечат, за да продолжи кон осветлениот прозорец на крај на улицата, за да - за да живеам, мислеше и слушаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пецо болен. Го заковала болка за постела, однатре, откај срцето, го гризе. Не може да стане, да крене секира.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На нивно место остануваше само болна глазура на страв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Што бара тагата издајничка во очите Еден нем допир зар пробудува едно болно врискање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Повеќе