боде несв.
бодеж м.

боде (несв.)

Кога си го зел тој нож в рака, боди и коли ги овие поганци!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Море, бре, Ричко, — вели Андо — шут со рогат кога се бодел та и ние. Кој се бори со Чолакот, Билјарот, Шишето, Лазот и други? Не гледаш оти од ниј се раниме?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Испушти само толку: — Ами, шо го бодело попот шо си го погазил дадениот збор и го остави сиромашчето страмотно до векот?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе ја обесам ноќта и ќе ја бодам в папок глогов кол.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Работата за која сакам да го известам мојот господар ми наложува да го направам ова, а еве што: Во мојата нахија се појави трн кој почна да боде во очите на нашата пресвета вера, да ги гази твоите премудри, закони, да го галати нашиот пророк и неговиот наследник – тебе пресветли царе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Вооружени со по еден голем стап ја држеа дисциплината кај бесните атови и бикови, кои често се клоцаа и бодеа меѓу себе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Отец Симеон ја бодеше земјата со тврдите коленици и чекаше некој нешто да каже; смоларите молчеа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кон него сега се придржуваа и другите два, ја бодеа ноќта некаде далеку зад врнежот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Отпрвин овцата одбиваше, клоцаше, бодеше, не сакајќи да го прифати туѓото јагне, но кога Бојан на ист начин како и со овцата пред тоа, ја стисна меѓу нозете и ја присили да го надои јагнето, овцата како да се прекрши.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одеше до една бука преку потокот и, потонат во снегот до стомакот, го бодеше дрвото со роговите, се чешаше од неговата рапава кора.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
16. ЕМ ШУТО, ЕМ ПА БОДЕ - не е зборот за јагнето, ни троа, ами за оној човек што си е роден како човек, но не го признава тоа...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тој излезе неранимајко и ќе расипит чифлигот, ама Адем ќе го кршит роговите, место тој да бодит него. ***
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа сѐ повеќе му ги боде очите на фашистичкиот стражар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Рече: - Сигурно, тоа ќе биде најправедната казна. Како можеш со тоа анџариште да го бодеш, проклетнику ниеден!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Гребе, сече, рие Кртот Во душата свиен, скриен, И со виеж силен, Глода, боде, рие Кртот Во крвта, во стрвта, во жилите, Се будат, заигруваат самовилите, Чиниш полноќ да е, месечина Полна, болна и пеколна, Која ги возбудува и излудува Ноќвите со зборовите, стиховите.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Се провлекуваше пијан низ ниски боцкави грмушки, низ трски, низ мочуриште, а крекотот на младите жаби го бодеше со смеа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Надојдени матни води урнувале мост помеѓу два брега. Така и се случило Кара-Демир попаднал во некој дервишки ред да се боде со клинци и големи игли со диви молитви, како да се казнува за предавство кон исламот или кон долгогодишното пријателство.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Ја купив кога го бодев со кол Турчинот што нè стрелаше кога го закопувавме Дмитар-Пејко, кога ти ја пикаше главата во камења. А ако некој од нас ја зел...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил уверен; сепак претпоставил дека од маглата на страшните соништа во кои не можел да замавне кон некого што го бодел со јатаган, го извлекол шум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Полковникот Бонети правеше напори да проба од јагулата, ја бодеше виљушката во неа како да ја убива, откинуваше парче, го ставаше в уста, но грлото му се затвораше: поголтнуваше по малку со мака.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе