близу прил.

близу (прил.)

Не знам како се сврте Велко назад, го видело штркот оти е близу деда си си му свикало: „Дедо, дедо, опули се зад тебе, ете го нашиот штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Пушти го, Велко чедо, штркот, пушти го, му рекла Неда, оти е гревота, зер и тој, завали, е некој вдовец ја вдовица како мене што сум без татка ти, еве ќе стори близу две години како поштукот му го нема.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Оди по бразда, чини, и збира Силјан црви и бидејќи многу чекореше, дошол близу зад татка си.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И овде, кога зборува за социјализмот, тој ги има предвид пак само своите петербуршки колеги социјалисти што беа најблизу до руските социјалисти, кои пак, навистина, можеби поради позицијата на руската нација во руската држава, пројавуваа полн индиферентизам спрема националното прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Првите три географски беа многу близу и еднакво се третираа од Турците и Грците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со метлата прават ѓубре, наместо да метат! (Од сламката од лутина, не може, и не сака да го види Томче, кој веќе стои близу до него уплашено и молбено свиткан и одвај се осмелува пак да го ослови.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сакаме на каналот, па не знаеме откај се оди, - одговори бргу Беличот. – Чичо, да не знаеш да ли одовде е поблизу?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во ќошот, близу до вратата, седеа тројца коњички наредници, тропаа со сабјите по масата и се расправаа нешто.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го пронајдоа попладне, близу до гробиштата, искршен и празен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ете, Митровден е близу, да собереме шо дал господ, па имаме и три куќи, сакате излезете вие, сакате да излеза јас, да не нѐ носат светот отпазар — напазар, — рече Стојо со тага на душата и длабоко се издиши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од зад малото долче, излокано од дождови, до нејзините ноздри допре остар мирис, и таа разбра - беше близу до волчата јама, во која четирите малечки ја чекаа волчицата да се врати и да ги надои.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сивото небо вон прозорецот беше близу, беше допирливо со рака. Раздразнуваше. Го копаше видот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Свињо“, рече, закрцка во коренот; тие што беа близу забележаа дека тукушто почнал да се разболува од жолтица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само пријди близу, со рацете сини сѐ ми кажи.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Не давај му да дојде близу до туѓинските нишани, нека се крие зад камењата и нека не трча во устата на ѓаволот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сосем близу чу некаков шум.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го вади револверот и брзо застанува близу до надворешната врата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Слушаше плисок на вода и нејасни гласови. „Сигурно близу е морето“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И уште шеесет сантиметри потоа остануваат.. . па тој е близу, сосема близу.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Близу вратата седеа двајца непознати Турци.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќе