блести (несв.)
Белите листови на нејзините нозе се два ножа исукани од канија. Блестат, заслепуваат. Толку.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Пријатно блести но тој сјај не е сигнал на есента.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сеќавање за едно излегување. Блештат канделабри. Невидливи звучници пренесуваат пријатни мелодии.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Овде е сосема јасно, блешти со засилена светлина почетокот на ослободувањето, крајот на измачувањето полно со сомневања, страв и немир.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Росните капки, попрскани по тревата и буковите лисја, блештеа и се преливаа во безброј рубинови нијанси.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Високиот снег надвор беше стврднат како чкор, а месечината така блештеше врз него што се гледаше сета нечистотија со која белината беше испрскана во деновите додека нов снег не паѓаше, а стариот не се топеше.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ги сакаше Бошко јорганџиите, и стоеше пред нивните дуќани залапано, додека тие го дрндаа памукот пред негови очи, ја сакаше папуџиската чаршија каде што на шега му дозволуваа да обуе лева папуча на десна нога: во кујунџиската чаршија со големи стреи и кепенци, каде што златото и среброто блештеа и го заслепуваа, се смееше будалесто: но најмногу од сѐ го сакаше безистенот, чист и среден, со мириси на ѓулсуи и темјан, каде што по калдрмата пред дуќаните не се растураа распарани опинци, парчина тенеќе или шајки, и каде што можеше да влезе од една врата а да излезе од друга, и пак од таа што излегол да се врати назад.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Болска, мижи и трепери синкаво пламенче врз цепениците под кои жарта блешти.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)