блесав (прид.)
Како да се објасни некому дека блесавата фраза „нема проблем“ - којашто со себе како јазичен сувенир од Југославија ја понел секој турист - престорила во црна фарса цела една земја.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Токму во тоа е работата - да се биде иронично свесен за блесавата несовршеност на светот (и на самиот себе си), и едновремено, да се движи низ тој свет низ климаксот на мигот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Во нашиот бордел, уште првиот работен ден, се појавува Ричард Гир со розова ружа и со книга пред печатење и избира една најдобра, најумна и најблесава од сите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)