бланко (прид.)
За тестирање на нејзината удобност, добив покана со бланко на местото на причината која речиси никому не му се виде доволно сомнителна.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
5 Згора на сѐ, вработените – кои дотогаш земаа плата од околу 13.000 МКД, вон сите стандарди на добро деловно однесување и надвор од законот, практично беа присилени да потпишат бланко договори за вработување (!?) – по што отпосле, од страна на работодавачот, беше напишана сума од само 10.000 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Другар ми Ице (така се викаше пола Гевгелија, зашто другата половина беше женска популација) ми донесе бланко уверение и разгледница „Успомен из Џевџелије“, со сите знаменитости од тој град, меѓу кои, како најголем хотел „Југо“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Со истиот член од ЗИДЗРО од септември 2010 година дополнително беше предвидено дека работодавачот не смее да го условува склучувањето на договорот за вработување со потпишување на спогодба за престанок на работен однос (т.н. „бланко отказ“), со што конечно се укина оваа можноста за примена на оваа малициозна практика од страна на работодавачите секогаш кога работникот ќе се „дрзне“ да си ги штити своите права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)