битиса (св.)
ТЕОДОС: Се битиса и се батиса се... Многу сум балдисал, нешто ми се скршило овде. (Покажува на градите.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ама и Бошко скрши глава. Бити, битиса и Бошко од Сувогрло. Не му издржа срцето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сториле свадба и битисале, му дал царот една кочија и неколцина луѓе за да го однесат Тумбурли - бега дома у себе.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во соседната барака, истата ноќ, битисаа две доенчиња.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)