бистар (прид.)
Овдешен не сум; ја сја родих далеко, Во јужна и топла страна, Мене отхрани после мајчино млеко Вардарска бистра вода.
„Пeсни“
од Рајко Жинзифов
(1863)
БОЖИН: Е, за нас, што работиме, е бистрава водичка, а чорбаџи Аранѓел ќе го пие виното.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Кој ни замати извори бистри извори на души чисти?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
В полноќ се над ним дрвјата од жалба силна свиваа - горските бистри езерца в силна светлина светеа.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Крстатни орли горе се вијат, в шумици диви ѕверој се кријат, долиње стрмни долу се сечат, рекички бистри брзо ми течат...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Ој, Вардаре, бистра водо, течи, шуми низ долови, рони карпи и брегови, носи маки и јадови.
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Греј ми, греј ми солнце златно, течи, бистра водо моја, да избелам бело платно и дарови да навезам ..."
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Бистер по природа, научи да пишува уште во своите четиринаесет петнаесет години и уште од осумнаесет дваесете почна да се меша со самите Турци аскери и нивните забити.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таа цело време гледаше во „попчето“ па и кога се појавија да ги поздрави публиката, и виде чисто и бистро оти очите од „попчето“ беа втренчени во Нешка, и дека и таа не се издиши дури тој ја гледаше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мартин, дете коешто оној ден беше со децата на Бистар Кладенец, беше заспан и сонуваше како е голем па нарамил пушка и ќе оди да го фаќа Луман арамијата.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Отсекогаш децата од Брезница најмногу сакале некако да се најдат кај Бистар Кладенец.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Паметиш ли, - му рече стрико Настас на деда Лика, - кога нѐ начека Луман во коријата над Бистар кладенец?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Во бистрата вода рибите се занимаваа со човечки игри: големите кленови ги прогонеа кон вировите неопитните рипчиња и ги лапаа, ѝ робуваа на невидената ненаситност, беа речни киклопи со едно око.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Како да извираше и како да се креваше од бистрата, мирна езерска вода со безброј чисти, светли души - утрото заигра во воздухот, се крена над стариот град, стегнат од сите страни со дебели ѕидови за миг го искапи, го осветли и го оживеа со својот трепетен сјај.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Палавиот зрачок се капеше. Од неговата светлина бистрата водичка се преливаше како растопено злато.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Знаеше, отпорот на гаменот ќе е страшен; сеќавајќи се на неговите долги раце со тешки шепи, беше сета со Ивана, со неговите бистри, жолти очи покриени со сенка на густи кадри врз челото.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но учителот не продолжува. Ја знаеше причината: Коле е бистар и бргу сфаќа, но нередовноста доста му пречи.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Бистри извори, јаготки, малинки, диви свињи, зајаци, лисици, мечки, па дури и диви петли и кокошки.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Детево е, Огнене, многу умно и бистро. Ама не треба да се брза.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Трајче, занесен го слушаше гргорењето, гледаше во бистрата студена водичка, јадеше од лепчето и пиперчињата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)