билен (прид.)
Легна на железниот кревет на кој имаше само сламарица која му замириса на гумно, на летна жетварска ноќ, на 'ржаница, на разни тревки и билки како да дише огромна билна аптека; и дишеше лакомо, среќен и задоволен како дивеч што соочен со хајка и смрт, успеал да си се врати на своето старо и сигурно легло.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тоа огледало на разочарувањето ја покажува другата страна на измамувачката природна стварност, светот како таков, бидејќи светот и не е друго освен „лавиринт на измами, невистини и привиди“. *Како најчесто фантастички компониран украс од животински и билни мотиви, гротеската ги декорира античките терми и гробници (grotta = пештера).
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Водите беа кристално бистри, не толку длабоки, и го покажуваа езерското билно царство со преливите на невидени бои во кои царуваше синилото и зеленилото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)