беќар (м.)
Беќар сум, сакам да се женам. (Општо смеење, и внатре и кај жетварките на чардакот.) КАТА: Море Анѓеле, чудо не те нашло, што си се отворил олку да зборуваш?
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
А бре, беќарче, младо беќарче, Ако си беќарке прескокни плотот, Ако си беќарке прескокни плотот, Ако си женето — скрши си вратот!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Е, што да правиш, ние беќарите сме како питачи: секаде ќе тропнеме, а каде што ќе ни отворат таму ќе влеземе. (Секој збор на Анѓелета предизвикува смеење кај жетварките.)
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ако некому не му даваат жена, ако некоја девојка не ја бараат беќарите- заостанале, и тука попот треба да му мисли.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Санким малку беќари ги има, та не ќе си најдеш друг да те засака.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Шо правите вие двајцата сами беќари: Кој ви замесуа, кој ве приперуа? — и собра сили та заврши: — ами не барате ли некоа сиромашка, да се прожениш, та на татка ти не му дава закон шо не му дава.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А татко ми зад мене, сѐ гледал и потоа ми рече: Што беше она што го читаше? а јас бргу да се снајдам, му реков: Таа девојка не е писмена па ѝ го прочитав писмото од некое беќарче.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Во комшии се женеше еден беќар кој ми беше и малку роднина.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Беќарите имаат ново друштво и најчесто нивните млади девојки не кореспондираат баш најдобро со критериумите на средовечните сопруги.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Ќарот беше поголем од пензијата што ја имав и деновите поминати со дамите, сопственички на разгалените четвороножни пријатели ми беа исполнети со задоволства и радости поради што останав стар беќар...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Ако не се ожениш, ќе те заебаваат и дека си стар беќар.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ти добро си знаеш дека мене не ме личи некој да ме види со тебе седната тука под дивјачката, сама девојка тоа не го прави, да си го пушти беќарот да седне до неа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И седенките, кога чупите од село се собираа и со шега и песна плетеа чорапи, фанели, капи, нараквици и малини, а беќарите - мајтапчии, вртејќи синџирче на прст, ги задеваа оние девојки кои имаа фрлено око. И тоа беше дома...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)