бестрашен (прид.)
И наскоро оган се отвори, вџашен, — од едната страна комитите смели, бестрашните чеда во животот страшен, од другата Турци на булуци цели.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Оној третиот Пенчо што го знаев - сонот на моето детство, бестрашен и силен, господар на сите деца од улицата, со параден војнички чекор, слободен од стегите на уличиштето - полека гаснеше во мојата свест и оставаше во мене некаква празнотија на измамен човек, навреден до солзи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тогаш го читав Том Соер. Немирното, бестрашно Американче предизвика кај мене нешто дотогаш непознато и јас на Бата му ја преприкажав содржината на Димовите Тројца мускетари и тоа на најизвртен начин.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Војводата Питу, внушителен и бестрашен, постојано јуреше и ги обиколуваше позициите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А двете братчиња, двајцата бестрашни ловци, Митко и Сашо беа презадоволни од денешниот лов.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Не чудете се многу! И не жалете го бестрашниот Зоки Поки!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Бојан секогаш на ист начин ги доживуваше приказните за Волчарот, во своите мисли тој го градеше неговиот бестрашен, кралимарковски лик и секогаш бараше одново да му се раскажува за него.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Едни си помислија дека некоја нужда го спотерала да дојава до Потковицата, да си го поткова коњот или да купи нешто од дуќаните, други дека е некој бестрашен ајдутин или Турчин зулумџија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Козарот беше бестрашен. Речиси сраснат со козите, тој добро ги познаваше и луѓето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сите овие луѓе на кои партијата им беше ветила блескава иднина, само да слезат од планините – за да станат нова класа, работничка класа, силна, челична, виорна, примерна, бестрашна, непобедлива – да ѝ зададат смртоносен удар на победената класа, на нејзините остатоци.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во тие моменти неговата потајна одбивност спрема Големиот Брат се претвораше во обожување и Големиот Брат изгледаше како да се извишува, непобедлив, бестрашен заштитник, исправен како карпа спроти ордите од Азија, а Голдштајн наспроти неговата изолираност, беспомошност и наспроти сомнежот што висеше и во врска со самото негово постоење, наликуваше на опасен вештер, способен со самата сила на својот глас да ја разори структурата на цивилизацијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со тоа, Гемиџискиот кружок, иако подоцна, се збогатил со еден повозрасен, бестрашен и искусен член што имал доста врски со Револуционерната организација, како и лично со Гоце Делчев и Даме Груев.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Бестрашен и снаодлив, Мече бил ефикасен и брз извршен орган на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Македонци мои вие сте бестрашни борци! И во мракот ќе се подготвувате со духот!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Грчката војска имено, не само што ефикасно го одби нападот на војската на Мусолини, туку италијанските сили успеа да ги потисне дабоко во територијата на соседна Албанија, нижејќи победа по победа над силната солдатеска изненадена од бестрашниот настап на малата армија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Живи не се давајте! – викаше пукајќи пред него, а во воздухот одѕвонуваше гласот на Никола, како двоен повик: еден на јуриш за дофат на слободата, а друг за скок кон смртта но храбар, бестрашен скок, скок кој носи слава.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Истовремено знаеше да се испрчи пред животот, дозволувајќи ми тој да ѝ удира шлаканици, но и да пројде низ него, како бестрашен борец кој напаѓа од страна, за да се одбегне ударот на противникот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кога размислувам, стравот ме стега. Послушај ме, од стравот воздух немам. Затоа бегам. Во бестрашност. Денес. Сега.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)