беспомошен (прид.)
БОЖАНА: (Останува некое време беспомошна во страв за Костадина.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Механизмот на памтењето со мака ги оживува, често беспомошен да ги поврзе и да ги одвои од случајностите, да ги предаде наполно и јасно.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Чувствуваше дека до смрт би можел да ги забуца забите во нечие месо но вака сплеткан во лудачка кошула беше беспомошен. „Курвино семе“, мрмореше. „Курвино семе.“ Тие се сетија и молкнаа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кога видоа дека се беспомошни се повлекоа од врвицата, загазија во сувата трева и молкнаа, можеби читајќи му во себе на непознатиот оченаш. „Го гледаш ли ова?“ Отец Симеон му ја покажа здравата рака на која беше истетовирано срце.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Дотраеноста на куќата како да му ја зголеми измореноста: точи во него млако, беспомошно сознание за една видлива, опиплива и убиствено присутна непостојаност.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Девојката беше беспомошна пред очите на насилникот од кои гледаше глад на бик.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тоа оние двајца тешко докрепуваа. Му го здогледуваше окото на вителот што ги поземаше, а беше толку беспомошен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Најтешко е кога човек се чувствува беспомошен. Осамен. Уплашен.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Бојане, дедо Димо! Помош! Помош! - се надвикуваа со татнежот на невремето, беспомошни, престрашени викови откај шаторите на археолозите! - Леле! Отидоа шаторите!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Уште еднаш и тоа мошне убедливо се увери дека снегот цврсто ја држи опсадата околу колибата и веројатно за подолго време момчето ќе остане беспомошен заробеник на белиот владетел.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Дали во таа беспомошност викаше по нашата мајка, која одамна неповратно ја снема, или по Вера, во тој момент не знаев.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Страшно беше да се вратам назад, но, уште пострашно да ја оставам беспомошната Ели во сѐ ова што паѓа, што се урива.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Се чувствував сосема беспомошна.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Штом го здогледа онака беспомошен во таа длабока дупка, му рече со божемно нежен глас: - Што правиш Зајко во дупката?
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
И беспомошни во ова венење немо простум стоиме обата.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Како чума да минала низ градината како офтика црна во домот та гасне полека сѐ во беспомошноста на векот и човекот и радоста на човекот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Го зеде плодот. Ја почувствува неговата беспомошна сочност.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Се туфкам така, беспомошна, и бдеам над Здравка. Со денови, со ноќи на стреж. Ни ден ни ноќ познавам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Самиот страшливец и понижувачки услужлив, беше секогаш преполн со желба да ги измачува другите, да се чувствува како ловџија што гони и пука во беспомошно животно.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Севишниот Господ Бог ли ги донесе за преку него, преку лебот и солта што тој им ги понуди, да ги увери во беспомоќноста и измиреноста на луѓето од Потковицата со нивното насилничко доаѓање, или, пак, тоа го стори Сатаната, за да направи од него предавник, кога веќе ги потскажа луѓето?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)