беспатица (ж.)
Стипцосаната земја, над која пловат зачаденост и црни испарувања на тага, ја ора усвитено железо и ја јалови оган, по нејзините врвици и библиски беспатици јаваат на коњски костури апокалиптични рицари - чумата, поморот, алчноста, бесот:коњските узди се густ сплет на змии, здивот на јавачите е сув ветар од кој и коренот на кровот се суши; зад нив останува трага: дрвени крстови, плочи со камени чалми, несобрани трупишта, урнатини.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во илјада осумстотини триесет и петтата, во доба кога јавачите на апокалипсата биле вечни и достојни на обврските и кога толпа тврдоглави Кукулинци терале спрегнати двоколки преку планини и беспатици да донесат од крај свет камења за ред воденици, Јаков Иконописецот го запалил богољубивиот Круме Арсов но најдивите од дружината го зграпчиле пироманот и го обесиле.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Утре и другите ќе ти свртат грб и ќе те остават сам да го бараш Лесново по беспатицава.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И оној тогаш водел ајдамаци со калпаци од мечкина кожа, ги качувал и ги спуштал по ќорави беспатици и ги избегнувал населбите, ги избегнувал и местата на кои кесарови копја и стрели господареле над животот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оти песната е талкач Верен придружник и соговорник од патеките на умот Ака по беспатици а штом ќе пристигне дома Прошетува по одајата со погледот на домакинката тргната да го крене пердето за да помуабети со Ѕвездите.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)