беседи несв.
беседа ж.

беседи (несв.)

Обвинети за злосторство над шеснаесетмина, за грабеж и за сокривање на оружје, шеснаесетмина несудени воденичари биле осудени на бесење, другите неколцина ги одвлекле стии без трага и без глас: судот ги казнил на сто и една година робија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мада мене најмил ми е еден рапер од Комптон, којшто вака беседи: „Хај!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во моите сеќавања продолжува да беседи стариот Илија, со брада пожолтена од цигари и очи уморни од носталгија: „Негативецот е навидум силен, но несигурен - и затоа нему му е потребна придружба.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Не вревете, Атињани“4 јавните места, амфитеатрите и пантеоните ги имате за провод и лесен живот за парење и галење слугите не се за отфрлање ни робовите, млади и помлади не сте вие, граѓани од неслобода засегнати од немаштија и немоќ, напротив вие гласате, беседите, мезетите вие освојувате и патувате наследувате и ќарите мажи многубожни и безбожни дури време е, скрасете се доста пребиравте меѓу реториката и политиката меѓу мантиката и математиката во вештини, о самољуби, доста се огледувавте се наттрчувавте и надмудрувавте заговаравте и преговаравте недоветни доста се правевте: сиромашните се собираат по плоштадите агорите и аулите првин тивки и потем бучни првин слаби потем силни првин малку потем многу!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Минале векови, и станало јасно дека не се врти сонцето околу земјата, туку земјата околу сонцето, за природните појави се барале дефиниции, а сепак и натаму божјите посредници ги прогласувале лудите за опседнати од ѓаволот, и спроведувајќи ја божјата воља одлучувале дали опседнатите ќе бидат лечени со молитви, или пратени на аџилак за да ги исцели светото место, или пак, ако проценеле дека станува збор не за опседнатост туку за доброволен сојуз со ѓаволот, казната била палење на клада, или бесење, или давење во вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
3.2 Беседам со змијата Затворен во своето Јас-тво Наслушнувајќи го одгласот На мојата болка Во темните шуми.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
3.4 Беседам со орелот Затворен во своето Јас-тво Наслушнувајќи го одгласот На мојата болка Во темните шуми.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)