бере несв.
беретка ж.

бере (несв.)

И не бери гајле, пак јас ќе те однесам и ќе те донесам и пак човек ќе те сторам; арно беше сега да не го окршиш шишето, ама откога ќе се стори едно лошо, не се враќа лесно.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ете така, Силјане внуче, ќе си одиме, ич да не береш колку за тоа гајле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Како некоја полза да имам од него, па уште и стравот да му го берам!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ох, ти гугувче малечко! Што си згрешило ти пред господ, да береш грижа уште од пет години?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Во стриковото градинче, галабо, вишни ем црешни беревме, во уста си ги клававме!... (Во паузата на мелодиското пеење доаѓаат Костадин и Симка).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Садила мома крај море лозје, ем го садила, ем го плакала: „Ој, лозје, лозје, со бело грозје, јазе те садам, кој ќе те бере...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Јас те пратив на лозје, Калино! ти на лозје одиш, бело грозје береш, на ергени даваш, мори Калино!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А, беше, ми отиде лозјенцето... Еј, лозје мое лозје, токму како во песната: „Јазе те садам, кој ќе те бере...“
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ДЕПА: За таа работа ич да не берете гајле, мое гајле е тоа; само вие речете кога ќе сакате и јас сум готова...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Добро мајко, ич ти гајле да не бериш, ќе видиш што син си родила. (Ѝ ја бакнува раката).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Времиња тешки дојдова уште потешки прокуди, од ден на ден се умира и души бере с години.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ноќе чума ли одеше плод од поле ли береше - амбар селски пуст остана!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
По утрини росни, по мугрите пресни, наведени ничкум по полињата родни зачмаени ние го береме.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
САВЕТКА: Со здравје, сваќе! Ќе ја нагласи вујко ѝ работата, ти ич не бери гајле.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РИСТАЌИ: Ти се чудам што береш гајле ти! Тоа гајле е мое, не е твое.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РИСТАЌИ: Ајде, да кажеме дека и тоа добро сторил што ја донесол горе кога била во несвест, не ја оставил на улица да се бере светот, околу неа како на исфрлена, ама не разбирам со какво право се осудил да ја бара за невеста!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По мирната видна поврнина, извртени на грб, се белееја многу риби, замелушени од експлозијата. – Гледаш ли? – гордо рече Беличот, кога почнаа да ги берат рибите.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не ќе се сетите уште еднаш да берете туѓо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Не берете го тоа гајле. Шпиро си го знае занаетот и времето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Миша Сукалова можеше три-четири сповојници да бере секоа година, та за Илковица да не може“ Не, џанам. Тоа кабул Митра не го прави.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе