белузлав (прид.)
Од кај исток се распука модрината на ноќта и небото прво зарудеа во црвени пламења, а после од некаде зад планината изрони и усвитеното коло на сонцето, кога бегалците избија на прашниот белузлав пат што се извиваше како змија по грбот на планината.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
На средниот багрем во лисјата белузлави од прав, неколку врапчиња пролетуваа од гранка на гранка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од под зафрлената сива капа му ѕиракаше белузлава коса, остра и рамна, маслинасто-зеленикавите очи немирно му играа под свилестите клепки.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Куќните покриви се белузлави, ниско паднати по земјата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
По белузлавите влакна на долгите степкани бради потсветнуваат краткотрајни искри.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Едвај се забележува на белузлавата земја Едип како разлеана дамка.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тенката ортома, - испокината од оскудната светлина се опнува како жица и торбичињата се упатуваа кон белузлавиот круг на излезот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
лежам јас ко пуштена одозгора, мислам од врвот на небото, белузликаво како немирните лисја на маслинките што ми светкаат од брегот, умот веќе ми е избеган кај детето во Чехословачка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се потсеќам на зборовите на пријателот, сепак со задоволство загризувајќи го богатиот сендвич со шунка и домати, додека околу мене уважените учесници на собирот „Литературата и општеството“ весело наздравуваат до следната средба. – Колега, јел видите ово јебозовно дупенце – ми се обраќа новосадскиот професор, експерт за културолошки дилеми, но јас веќе отсутен, ѕурам на друга страна, во девојката во црн фустан, што лебдее меѓу потните гости како ластовичка во белузлавата магла на летната квечерина.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Така е, - се одзва раководителката на белузлавите самовили - еве, паѓам и не станувам! Другите не се огласија.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Дури и она белузлаво зрнце прав врз корицата на неговиот дневник, тие внимателно го вратиле назад.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со врвот од прстот тој крена едно распознатливо зрнце од белузлав прав и го стави на аголот од корицата, каде што мораше да биде истресено ако тетратката биде подмрдната.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тушот ѝ ги полни дланките со вода и таа во нив ја истиснува белузлавата ејакулација од шишето шампон.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
По латински една белузлава женичка, малечка, топчеста, дебелка, како да се губи меѓу клупите и покрај високите топуци.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Кога пак ќе земеше Калија, например, да утлеисува, да го разгорува ќумурот во железната утија: или кога ја креваше жешката црепна вадејќи го врз пирустијата табакот со зелник: кога ќе се забревташе толчејќи со ќускијата слануток: или кога ќе се наведнеше полека и растреперено врз ковчегот со невестинската руба во кој сѐ уште имаше дел од чеизот, е тогаш, Бошко гледаше како шафранот од нејзиното лице станува божур, а белузлавите очи како трчаат од далечина и почнуваат да светат како жеравици.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Долната усна ѝ беше повлечена малку навнатре и секогаш влажна од истурените заби: носот грбав, кожата навистина свилеста, но со боја на шафран: а очите скоро белузлави од тенка синевина, со шарен темен обраб, кои се повлекуваа негде длабоко, викајќи те од далечина.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Затоа вдахновено проповедај:
едното е поделено на безброј
цареви и арлекини
скрбни и среќни
нееднаквоста е врховно начело
на Целоста, универзумот луминозен
сферичен, фокусиран
нематеријално материјален
а ти кој посматраш, сфаќаш:
генијот е разорна будност на супстанцата
ѕвезден јазол на белузлавото јајце
знак за дослух меѓу телесата
данте, шекспир – параболи!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Толку многу стари Србинки ми беа раскажувале за Скадарската кула, што едноставно сакав да го видам нејзиниот излижан камен и да се уверам дали тука постои, како што се раскажува, млечна белузлава трага...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Да се чека зрното да набабри, да пушти белузлав секрет, и да омекне.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Исчезна како белузлав летен цирус голтнат од врелото летно сонце.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)