безвременски (прид.)
Оваа безвременска состојба, нејаствен однос со перцепираното, го доживеале многумина.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тука уште би сакале да напоменеме дека, веднаш на почетокот од секое интервју – под самиот наслов (кој објаснува кои се парничните странки т.е. кој работник против кој работодавач го во- дел спорот) и под поднасловот (кадешто сосем кратко е даден предметот на спорот т.е. за што тој се водел) – се дадени латински цитати [во оригинал и во превод] на познати римски правни максими кој имаат контекст токму со конкретниот спор, а коишто поради својата вистинитост и безвременска релевантност имаат огромна вредност како „авторитативни правни стандарди“ и сѐ уште, до наши дни, во неизменета форма важат во речиси сите 14 правни системи во светот – како основни принципи или како законски регулирани фундаментални правни начела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Стои заштитен во безвременски рамки.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Како што биле убиени повеќето безвременски херои.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Темнината ја беше дарила својата помош за да го сокрие и да биде сведок на најдолгиот безвременски бакнеж.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Бев почестен да го читам Вашиот текст и Ви ветувам дека често ќе се навраќам на него бидејќи знам дека е безвременски!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)