безбедносен прид.

безбедносен (прид.)

Е па, одредени јазли на тоа фино ткаење наречено „ментално здравје на народот“ (или полициски: „политичко- безбедносна ситуација“) испогореа во најновиве случувања и доколку брзо, паметно и мудро не пронајдеме „премостувања“, целата чипка (а факт е дека нашето општество и односите на сили во него е прилично пипаво, фино и деликатно) ни отиде по ѓаволите, ќе останеме со она фамозно романско знаме-дупка во рацете (интересен психоаналитичарски симбол за токму конституциски недостатоци), со крпи за бришење пот и превивање рани.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Нарушената безбедносна состојба бездруго ќе ги „седне“ него и неговите најлути противници во иста влада, а набргу потоа и на иста маса со албанските партии и со „олеснувачите“ на дијалогот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Глобалните сообраќајни мрежи ги преместија точките на влез од границите на места подлабоко во државата (меѓународни аеродроми), на тој начин правејќи го националниот простор поранлив и зголемувајќи ја потребата за внатрешни безбедносни мерки (аеродромска безбедност и надзор во трговските центри).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
На 24 јуни припадниците на македонските безбедносни сили преседоа жестока акција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но со сигурност негов наследник ќе биде еден од оние десетина генерали кои на времето уште како матуранти, по силниот селективен избор на најдобрите, биле испратени на студии и специјализации во најелитните универзитети во САД и во други европски центри, да се наоружаат со знаење во повеќе дисциплини, во воените, безбедносните, разузнавачките.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Важна новина претставува и законската обврска на работодавачот да ги информира вработените за секој вид на ризик на работното место, за безбедносните мерки потребни за контрола на ризиците
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И бидејќи имам лоша навика да го прелистувам весникот од назад кон напред, свесно прескокнувајќи ги страниците за економија и политика, но не со цел да се задржам на некролозите, туку на рубриката за култура (ако воопшто има таква во овој ден од неделата), случајно дофаќам две страни повеќе и кога во рубриката црна хроника, што ќе видам: Јадранка сликана во придружба на двајца батки облечени во униформи, очигледно припадници на безбедносните служби, кои ѝ помагаат да излезе од огромен црн џип, ламја од минимум 3000 кубика.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Втор битен аспект е безбедносниот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Вработениот има право да одбие извршување на работа и доколку е изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, кога не се спроведени безбедносните мерки и да побара нивно отстранување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во него Влахов протестирал „до грчкиот Претседател на владата“, кој „по вторпат ги обнародува грчките намери да ја прошири грчката територија кон север поради безбедносни причини“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Дојде до промена кај обврската на работодавачот за информирање на работниците за секој вид на ризик на работното место, како и за безбедносните мерки потребни за контрола на ризиците и елиминирање на штетните последици, но сега од законската формулација беа избришани(!?) вработените со договор за вработување на определено време, младите вработени, повозрасните вработени во согласност со Законот за работните односи и оние со намалена работна способност. (чл. 13 од ЗИДЗБЗР/окт.11)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со истата измена е направено и дополнување во истиот член при што е предвидено дека дека глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му биде изречена на правно лице доколку не ги информира вработените, претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа за секој ризик на работното место како и за безбедносните мерки за елиминирање на штетните последици.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)