басма ж.
басмар м.

басма (ж.)

Одајата е наместена мошне арно, старовремски: десно насреде огниште, горе јашмак под кој оџакот е завиткан со завеса од шарена басма; од страните на огништето камари, исто така покриени со завеси од истата басма; назад два прозорци со завеси од истата басма, собрани до горе на плисе и прикачени на една шајка на средината, така што имаат изглед на плисиран полукруг.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Мори, му скрои, златна Доле. Му скрои нешчо, токо зар толку убаво како чорбаџичките! Му скрои, Ристе ми донесе басмичка од Прилеп, затули тамо едно вурдуче, како сака нека биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се знае: каде лази мариовска и полска вошка, таму има аир, а од оние суртуцине: плетварци, оровчани, крстечани, деништави, небрежани и други пограѓанети селани можат само Долзите, Зојчевци и Даут да се користат по нешто, и тоа слаба работа, од некоја басмичка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Боја ли е кроткоста во басмата со две лица или е басмата кротка со двете свои бои...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Богатите секогаш купувале месо за басма.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ве ослободува под папок од пајажина за паченце басма, поначесто или чат-пат, кој ќе знае.“ „не освтавате, потоа пцуете.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Наеднаш и штурците се стивнаа. Сенката ја крена раката од која како од маѓеснички ракав се спушти многубројна басма.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Петре го зеде шејот на левата дланка, со десната го откри на сите четири страни и на неговата дланка врз црната басма, ние децата што бевме тука собран, видовме нешто ем знајно ем дотогаш невидено: беше костенливо сјајно, со крвчиња во сребро на краиштата на трите краци и со сребрено столче на долниот крај да можеш да го пуштиш и легнат и простум да стои.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Додека Петре Даскалот со куц-куц му се приближуваше, татко ми од дисагите извади еден шеј завиткан во некоја црна басма.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тројцата никаквеци купиле за златото секакви женски лаги, белегзии со модри каменчиња, морски полжави, шарени басми и прекуморски скакулци во шеќер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тројцата донеле со себе невидени и нечуени чуда: сребрени белегзии со модри каменчиња, школки, од кои, кога ќе се легнело врз нив со уво, шепотело морето, вретенесто суви риби со отворени усти и со боја на проѕирно злато, басми со секакви шари (едно цветно поле од качунки и синолички), морски ѕвезди, презашеќерени непознати овошки од кои се дебелело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпосле се создадоа услови Пелагија да ѝ го даде поклонот, една прекрасна азмајникава басма за фустан и едно брошче со две бели срца на црна основа навлезени едно во друго.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пела, стискајќи се во фустанот на бабата Перса, ништо не можеше да разбере од гласовите што се слушаа од секоја уста, ама затоа пак нејзините итри сини очиња ја видоа широката тепсија како плива врз главите на новодојдените полна дури со врв и покриена со некоја бела убава басма што некој , подоцна, ја нарече, свила, и таа тепсија сама од себе како да лебдеше врз главите и откако влезе заедно со тоа купче тела во дневната така набрзо излезе од таму и како да јурна во спалната и кога таа успеа да се провлече низ тие разлетени фустани и машки костуми, ја здогледа во празното врз широкиот кревет и во тој миг од страната на балконот како здрвена стои тетка Деспина, а една друга тетка, тркалезна во лицето со светилки во ситните очиња нешто ѝ зборува и ѝ подава шејови што ги вади од тепсијата и ги реди на нејзината десна рака.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)