банана (ж.)
„Не познавам никого“ , ги дигна рамениците и се тргна од прозорецот. „Но зоолошките волци не ги хранат со рибји конзерви и банани.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Изеде со тешка мака дваесет желкини јајца, половина коза, осумдесет банани и неколку килограми пресна зелка.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
- Јадам банани и пијам вода многу сум тажен.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Во селото на седумте црнчиња со кадрави коси и бели заби нѐ пречекаа со тапани и со банани.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Тие дни имаше многу банани и портокали, а секој берлинчанец се трудеше да ги наполни што повеќе торбите со ова јужно овошје...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сум видел како од автомобили што врват по улиците излетуваат низ отворените прозорци: хартии, празни кутии од цигари, кори од банани, од лубеници...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Сум видел како од убав автомобил, низ отворен прозорец се подава женска рака богато украсена со гривни и прстења и како од неа на коловозот паѓа кора од банана!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
За сѐ беше крива жената од купето. Откако внимателно го разоткри плодот, таа со љупка насмевка му ја подаде бананата. Вкусот беше извонреден.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Отворањето на фиоките е рамно на отчкринувањето на волшебна кутија: смекнатата браон банана меѓу копчињата, виљушката до моливот, тој до кремата за бричење.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Фјодоровиот пријател сликар случајно на патот пронајде беџ со полуизлуштена банана направена од жолти и бели лего коцки.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Од време на време доаѓа по некоја жена и му носи банани на Фјодора.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Неговиот пријател сликар го врзува со долга врвка околу стомакот за да може од време на време да го симне од таванот и да го нарани со каша од банани која ја спрема три пати дневно.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
-Фино беше во зоолошката. Влечеш опаши на лавови, им даваш пластични банани на глупите мајмуни, плукаш ваму-таму...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Првин бродот бил изграден со специјална намена да превезува банани за една италјанска фирма.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мајмуните скокаа по големите совитливи гранки, кинеа крупни банани, се расправаа отворено и понекогаш се бунтуваа, тешејќи се и жалејќи се на законите на старата џунгла.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Бидејќи јадењето во куќата на Адам обично е компромис од наследени вкусови, ручекот, како и појадокот, е стриктно од новиот свет - сендвичи со хамбургер, сирење, шунка или јајца, повремено, во понеделниците или по празниците, сендвичи со печено месо од пиле или мисирка и, се разбира секогаш откршено парче пита или колач, и овошје - јаболко, круша, а понекогаш можеби и банана.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Со 100 динара ќе идеш да изнакупиш блок чоколадо, кило банани, 2 сладоледа и ќе ти остане кусур.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Согледувајќи го македонското општество и внатрешните односи во него, то ест односот на поединецот кон државата дојдов до една класификација на неколку типови (карактери) личности кои егзистираат у оваа наша банана република.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Банана земја со стотици бАНАЛНИ АНАЛ-итичари кои секојдневно АНАЛ-изираа на секој кАНАЛ.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)