аџамија (м.)
Бидејќи гален Силјан и аџамија, ич ќеф немаше да работи селска работа: орање нивјето, копањето лозјата, жниењето нивјето, вршењето и овците гледање оставени беа на Божина и на Божиница.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Постоеше Арслан Сирме, јаничарски ага, на служба при румелискиот беглер-бег Мехмеда и воспитуваше други аџами оглан.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Не биди аџамија, можат да се докачат сватовите... - со присторено весел глас му рече Мискарица, настојувајќи на севозможни начини да го склони Пандета да се откаже од својата намера да ја види момата пред стројот...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А сега, како да не беше тој, како друг некаков човек да говореше со неговата уста: - Ти, Веле, започна полека стариот мајстор, - ти добро рече, аџамија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Да, аџамија си ти уште, Веле, голем аџамија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се обидел некој пред сто години, некој аџамија, јајца од орли сакал да земе, за лек против некаква болест, но се урнал и одвај му ги собрале коските. Приказна...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Рече: - Е аџамии деца! Гледаш ли бре Коте.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Се загнаа татко му и стрико му и го откинаа Муарема со многу извинувања „да не фаќа кусур на детето", бидејќи е лудо и аџамија, не знае што прави.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Што би специјализирал нашиот аџамија доктор?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Уште сум аџамија, бегу ефенди. Ама, ќе ми простиш. Бериќатверсен, има кој да ме поучи.“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Дејди браќа, дејди аџамии, што ве гледам сите будали!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Зборот аџамија значи неискусен, неопитен, невешт, почетник.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)