аскет (м.)
Арсо е звучење... Можеби џелатот чекори кон каушот и ќе понесе Арсо само едно скржаво срце на аскет.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Имаше нешто дури и светечко во тоа, како објаснуваше и како веруваше во своите мисли, тој младич, имаше нешто толку ведро, а во исто време и толку аскетско во неговиот ум, тоа маѓепсуваше уште при првиот допир, уште при првата средба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Врз профилот на тажен аскет, меланхолијата беше врежала фини брчки околу очите полни со сенка.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
На овој сплет на двосмислености се накалемуваат различните толкувања за Дишан-еротоманот или аскет, Дишан - една фрустрирана и повлечена, или можеби огорчена и задоволна личност, изопачено или заблудено суштество или само “филозоф” и научник, кој го практикува инцестот и во животот (љубов кон сестрата) и чисто метафорички (алхемиското соединување на “братот” и “сестрата” кои се некакви спротивностите што се слични една со друга).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Аскетското здружение ‘Кај-грдите-батацѝ ја измисли платоновската идеја. ‘Стварта по себе’ денес е средство за чистење кондури. Светот е дрзок и епилептичен.“
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Аскетското дувло го претвори во пријатно одајче.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Монашки нишан:
сведоштвото на Лука Блажениот 29
„Има нишани што ги следиш
од рано детство
без да знаеш зошто:
- се будиш предзори
додека сосема не се повлекла
глувата сенка на ноќта
кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички
сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи
во запрепастувачки складен
и топол мозаик, во фрески
по ѕидовите, по подот, на сводот
и сеќаваш
кревкото, кршливото
порозното, обезличеното
се преобразува во својата виша смисла
и ти се обзнанува:
ни еден слом не е алогичен!;
- тукушто си пркнал
уште дете, стануваш аскет
и заминуваш незнајно каде
само (посакуваш!) да биде тивко, молебно
створено и од природата, и од човека
за деноноќно бдение
за созерцание, вертикално понирање
на веда - од небеса до подземи
за живеење со жиг и жедба на монах
ни горе-ни долу
повеќе таму, одошто овде
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Фрли поглед врз документите кои стоеја на неговата аскетска работна маса и заклучи: – Единственото нешто што е несомнено е нејзината тешка состојба.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во црквата немаше глас, само аскетска монашка тишина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)