архаизам (м.)
Посебната грижа за репродуцирање во „period flavour”, со користење на архаизми во преведените текстови, во деветнаесеттиот век, често го правеа текстот на ЈЦ непристапен за читателот, многу повеќе од самиот текст на ИЈ.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Владеат архаизмите и некоја народна прасостојба како идеологија на нацијата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Некои од блиските дури дискретно им се потсмевале на нејзините облеки со егзотични бои и јазичните архаизми неразбирливи за нив.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тие останале како архаизми или историцизми во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)