аргатски прид.

аргатски (прид.)

Ако секој ден така мериш, ни кошула на грбот не ќе ми остане, камо ли нешто да спечалам. Не си за мера. Ти си, Зафире, повеќе за аргатска работа
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
4. Скотски е, скотски живот аргатски у темно заѕидан, до скот сме сниско попритиснати на овој свет убав.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Како на вратот гердани ниски камења студени така на плешки денови легнале та натежнале Денови ли се - денови аргатски маки големи!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
ПЕЧАЛ Нема ли живот, нема ли љубов за живот голема, љубов за живот човечна у виа гради аргатски?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Сѐ што им помагаше да заборават и да избегаат, макар и за миг само, од тешката и сурова стварност на аргатскиот живот, тие го примаа со благодарност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Аргатска работа. Некои почнуваат и да киваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во тој расказ аргатската врзаност за земјата и летот на душата кон небото дадени се со ретка експресивност.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А во селото и околината луѓето не еднаш велеа: - Кога запева Фимка, сонцето некако појасно и потопло свети, појот нејзин ја грее душата, ја смирува лутината, аргатската мака ја олеснува, ги полни срцата со некакво таинствено блаженство и замајување, маѓепсува, скротува, смирува, зближува, воздигнува и возвишува, а чучулигите губат лет во висина и славеите замолкнуваат, слушаат и љубоморат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За делнички и аргатски денови леб се месеше од мешано - пченично, ‘ржано и пченкарно брашно и пешниците се печеа во добро загорената фурна, поставена скраја од дворот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)