апсана (ж.)
– Туку, ајде доста – се обрна кон забитот и беговите – терајте ги во апсаната и само по еднаш леб и вода на ден – и се врати назад во својата канцеларија со Јунуса, Рифата и буљукбашијата да ги распраша понатака како ги совлада, како толку бргу, кој им помогна и друго.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И сите казни ги истрпува и останува ист: непомирлив, груб кон чувари и кон затвореници и попушта апсаната полека но сигурно и Џемал-ага ги заробува душите на управници и апсанџии.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Доста вјаваа ако е за фајде; да ги симнеме еднаш од грбот, да си починеме и ние, нели сме душа, стопанка му — заврши детето, а Толе веќе се пренесе со мислите како ќе излезе од апцаната, ќе му појде првин на Валијата во Битола, ќе го поткастри со сите негови мезличари, со сите гавази и слуги; после ќе ги најде сите бегови од прилепско битолското поле, ќе си оди во Крушевица, та ќе ги суреди Адемовци, Селимовци, Ќемаловци и сите други како нив. Море ќе кола, ќе кола, ќе кола дури ќе ми сечи ножот и дури ќе ми мава раката".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За злочин извршен на правоверен мухамеданец, Толе беше веднаш затворен во прилепската апсана.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тогаш настапи Мустафа ефенди; на заптиите и на војниците им издаде заповед да ги фатат и да ги отераат Арнаутите во апсаната прилепска, а Лазора да го однесат во војничката болница за да го излекуваат, но Јосиф не даде; Сами ќе го излекуваме, рече.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А народот по апсаните што не знае каква мака ме мори, може ќе биде ќердосан со долг живот и со долго паметење“. „Амин, боже“, рече попот Ставре.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Чаршијата ќе ја затвориме, кавурите ќе ги пуштиме од апсаана, името да ти го слават! Ишала!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ако ме одбиеш, бак бурда - апсаната ми е полна со околу триста ѓаури: кој не платил данок, кој е робен, кој е против Мухамеда, кој колнел Турци - е па, речеш ли жне' и не ме послушаш, сите нив ќе ги пратам да веслаат на корабите, а уште толку невини кавури ќе испратам на ангарија во Мала Азија, а во нивните куќи ќе населам Турци Анадолци!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
-Ѓавол и пол ќе излезе, плус тоа може апсана да одиме двајцата!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Камилски како значајни ги избра и заемките: мушабак, вид дрвена решетка што се ставала од надворешната страна на прозорците во муслиманските куќи (од арапски muabak); ќепенок, дрвен капак со кој се затворале дуќаните, а дење служел како тезга или излог (од турски kepenk); мазгал, мал тесен отвор на тврдина, а подоцна и прозорче по апсаните и магазите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)