апокалиптичен (прид.)
Стипцосаната земја, над која пловат зачаденост и црни испарувања на тага, ја ора усвитено железо и ја јалови оган, по нејзините врвици и библиски беспатици јаваат на коњски костури апокалиптични рицари - чумата, поморот, алчноста, бесот:коњските узди се густ сплет на змии, здивот на јавачите е сув ветар од кој и коренот на кровот се суши; зад нив останува трага: дрвени крстови, плочи со камени чалми, несобрани трупишта, урнатини.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Целото големо знаење што го има (вклучувајќи го тука и она побизарното, што така фино го отсликува неговиот маниристички сензибилитет: за разни детски игри, пагански обреди, необични симетрии, јазични игри...) на Гринавеј како да му служи само за да го здроби под валјакот на своите моќно апокалиптички филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Низ една бескрај далечина: Еден апокалиптичен пес Врз еден апокалиптичен коњ Под една грда месечина ме Прогонуваат. облак Сјае злате облак: (Среде небо, среде денот бел) Главата на мојот предок Редок, Божји Сведок: Облак-утешител. глас Тешко спиеш и се криеш Во таа дрвна окарина Надвор снежи, студот тежи И зима е.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Ѕвони, ѕвони Чиниш: на замин Коњу мој, ајде Пред да нѐ зајде Во недофат Сами. Мора Сонувам: Еден апокалиптичен коњ Еден апокалиптичен пес И една грда месечина.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Тоа е, можеби, како што тврдеа некои, карактеристична одлика на постмодернизмот, кој себеси се лоцира внатре во една (пост?)апокалиптична визија.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Околу апокалиптичната слика на градскиот пејзаж завиткан во смог прицврстија бели снегулки со насмевнати лиценца, со што создадоа ефектен контраст.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Кога двајцата зографи ќе побараат нараторот- поет да им ги ископа очите („за да не гледаме што уште ќе се случува“) јасно е дека авторот нѐ воведува во едно апокалиптичко финале: „Само слушав како баботи небото, како галопираат зловестите коњи и како трубат ангелските труби најавувајќи огнови, скрб и студ.“
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Гледана од страна, авенијата Пердју навидум изгледа како фантомска населба во која не вирее никаков облик на живот (налик на оние разурнати градови во апокалиптичните футуристички филмови).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Сликите на апокалиптичниот сон ги заменува неговата способност за брза рационализација: Геханна, јудејскиот непрецизен поим за пеколот како што, впрочем, јасно покажав во мојот докторат, е доработен во Куранот и таму е преименуван во Џаханнам или Џехеннем. Во Солун велат – во џенем.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Апокалиптична визија со циклично време, атоми скривници во иднина и лудници во минато.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Се чувствував принесен во семејниот апокалиптичен круг на жртвувањето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Татко имаше во својата библиотека повеќе книги кои се однесуваа на Евреите и еврејството, беше обземен од нивниот повеќемилениумски егзил, од нивните апокалиптични страдања, посебно од инквизицијата, холокаустот и невините повеќемилионски жртви во концентрациските логори на смртта.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)